Стратешки приоритети и цели

Стратешки цели на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011 - 2015 година (во понатамошниот текст Програма) се:
- Зголемување на економскиот раст и вработеноста, како предуслов эа пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот;
- Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО;Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, преку длабоки реформи во судството и јавната администрација;
- Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, преку длабоки реформи во судството и јавната администрација;
- Одржување на добри меѓуетички односи врэ принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор; иИнвестирање во образование, наука и информатичка технологија како елементи на општество базирано на знаење.
- Инвестирање во образование, наука и информатичка технологија како елементи на општество базирано на знаење.
Основни принципи во економскиот дел на Програмата се: економска слобода и еднакви услови за работење на економските субјекти, поддршка на претприемништвото, продолжување со динамично спроведување на економските реформи за подобрување на бизнис климата и зајакнување на конкурентноста на македонската економија, како и продолжување со партнерскиот однос на државата со приватниот сектор и синдикатите. Клучни цели кои ќе се остварат со реализација на економската програма се: зголемување на проиэводството, извозот и инвестициите; намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните; развој на земјоделството и подобар стандард на земјоделците; заштита на животниот стандард на ранливите категории на граѓани; и раэвој на економската инфраструктура.
Основни цели на новата Влада на политички и надворешен план се: транспарентна и ефикасна работа на Владата и јавната администрација, висок степен на безбедност и сигурност на граѓаните, функционирање на правото и зголемена ефикасност на судството, јакнење на правната држава и промоција на системот на владеење на правото што во фокусот го има почитувањето на човековите права и слободи, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, натамошен прогрес во процесот на децентрализација и остварување на порамномерен регионален развој, професионален и модерен одбранбен систем кој е компатибилен со стандардите на НАТО, започнување на преговорите за членство во ЕУ и членство во НАТО.
Нашата политика се заснова врз партнерството како форма на соработка, како одговорност за владеење и определба за подобра иднина. Врз основа на партнерството во политичките, економските и општествените процеси ќе ги мобилизираме сите ресурси со кои располага земјата, со што би се обединиле сите енергии во остварување на интересите на Mакедонија.
Владата на Република Македонија ја гледа перспективата на Македонија во моделот на мултиетничка држава, внатрешно интегрирање и етничката кохезија и евроатлантските интеграции како цел кон која се стремиме.
Одржувањето на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, подеднаков третман на сите пред законот и спроведување на Охридскиот рамковен договор е приоритет на владата на Република Македонија за периодот 2011 - 2015 година.
Мултиетничкото општеството ја наметнува потребата за постојан дијалог, со цел да се даде гаранција дека владините политики се легитимни и ефективни, како услов за зајакнување на етничкото партнерство на сите нивоа на функционирање на институциите. Ќе продолжиме со промоција на мирен и хармоничен развој на општеството преку постојан дијалог и доследно почитување на принципот на соодветна и правична застапеност во органите на државната власт и другите јавни институции, на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Македонија.
Во насока на унапредување на односите помеѓу етничките заедници гарантираме целосна заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници во Македонија. Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својатa заедницa.
Доброто владеење е здрава основа врз која почиваат развиените демократии. Токму затоа, ние сме одлучни да продолжиме со создавање на професионални и одговорни институции, кои ќе бидат во служба на граѓанинот и ќе ги штитат неговите слободи и права.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото