Премиерот Груевски со сопругата на прием кај Барак и Мишел Обама

Премиерот Груевски се сретна со американскиот претседател Барак Обама, а двајцата беа во придружба на своите сопруги. На приемот кој го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на 68. Генерално Собрание на ООН, се фотографираа Барак и Мишел Обама со Никола и Боркица Груевски.

Во рамки на престојот, премиерот Груевски ја предводи државната делегација која ќе присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации каде што и ќе се обрати, ќе присуствува и ќе се обрати на повеќе бизнис форуми за презентација на можностите и поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори, и ќе се оствари посета на повеќе американски медицински установи во насока на овозможување на соработка со македонските здравствени институции. Од веќе остварените состаноци и средби во рамки на интензивната агенда, се склучија неколку договори од кои Македонија ќе има голема корист.

По присуството на приемот на шефовите на делегациите учесници на 68. Генерално Собрание на ООН, кој го организираше американскиот претседател Барак Обама, премиерот Груевски ќе се обрати на Генералното Собрание на ООН во петок.