Груевски-Фајман: Поддршката од Австрија продолжува во евроинтегративните процеси

 

Премиерот Никола Груевски денеска во Виена оствари средба со австрискиот канцелар Вернер Фајман. Во рамки на 8. Виенски економски форум  премиерот Груевски ја доби престижната награда за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво на земјите членки на Виенскиот економски форум.

Наоѓање начин од страна на лидерите на ЕУ да  се даде можност на Македонија да ги почне преговорите за полноправно членство и паралелно да се водат разговори за билатералниот спор за името со Грција, е пораката што ја пренесе  премиерот Никола Груевски на средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман одржана попладнево во Виена.

- Укажав дека сега е период во кој што треба уште еднаш да  размисли и да се изнајде начин од страна на лидерите на земјите на ЕУ на земјата да и се даде можност да ги почне преговорите, изјави премиерот Груевски по средбата со Фарман и додаде оти на средбата потсетил дека Македонија три години по ред добива позитивен извештај и препорака за почеток на преговори која за жал поради добро познати причини досега не е прифатена, односно не беа прифатени преговорите.

Тој потенцира дека од негова страна пред Фајман укажал дека доколку се анализира историјата на ЕУ може да се забележи дека сите земји кои влегувале или повеќето од нив имале по некој отворен билатерален спор со некоја од земјите кои веќе се членки, меѓутоа дека во ниту еден случај до доаѓањето на Македонија да пристапи не биле земјите блокирани пред да ги почнат преговорите.

– Тој метод кој се применувал до доаѓањето на Македониија во оваа позиција секогаш завршувал успешно. Прв пат се прави преседан со случајот со Република Македонија и тој преседан не дава добри резултати. Очигледно е дека во една таква добра атмосфера на некој начин со паралелни преговори шансите да се успее се многу поголеми во билатералниот спор отколку на ваков начин како што сега сме блокирани три години што создава негативна енергија, фрустрации и други проблеми, потенцира македонскиот премиер.

Тој посочил на достигнувањата на Република Македонија во различните области, на она што е направено во изминатиот период, истакнувајќи дека земјата е концентрирана да ги подобри и слабостите на кои е укажано во извештајот и дека со сите сили се работи на тоа, меѓутоа, како што додава, очекуваме и одредена валоризација на ЕУ на нашиот труд на нашите напори да постигнеме подобар резулат, но и дека сите етнички заедници во Македонија во мнозинство од нив очекуваат и посакуваат што побрзо Македонија да ги почне прговорите.

- Тоа е желба и на мнозинството Македонци, Албанци, Турци, Срби... и сите останати етнички заедници и дека предолгото одлагање на почетокот на преговорите навистина создава една фрустрација кај сите граѓани која тешко може да се разбере ако се земе предвид дека на ниту една земја на овој начин не и било наложено решавањето на одреден билатерален спор од земја која е веќе членка, потенцира Груевски.

- Австрија е држава која е прилично заинтересирана  за регионот на ЈИЕ и отсекогаш била заинтерсирана и секогаш сакала да одат напред и во тој контекст сака да помогне и на Македонија и на другите земји во регионот и се надевам дека што се однесува барем до Австрија и во иднина ќе имаме поддршка, рече премиерот Груевски.

На  средбата станало збор и за барањата азил на граѓани од Република Македонија во европските земји, при што премиерот потенцирал дека се уште е посветена на прашањето со лажните азиланти и оти покрај мерките во Министерството за внатрешни работи се преземаат мерки и за подобрување на животните услови во местата каде што живеат граѓаите кои најчесто бараат ваков вид азил.

Според информациите во моменот азил бараат меѓу 15 и 16 граѓани од Македонија, што според премиерот е мала бројка но оти и натаму Владата останува силно фокусирана на ова прашање. - Ние и натаму ќе останеме будни и ќе работиме на овој случај да не се случува да се повторуваат некои епизоди од минатото, истакна премиерот.

Економијата, исто така, една од темите на разговор меѓу премиерот Груевски и австриските канцелар, на која македонскиот премиер посочил дека Македонија за среќа е надвор од ризичните земји кои имаат висок процент на долг во однос на БДП.

- Имаме 26 проценти долг од БДП, што е еден од пониските во Европа и оти во тој поглед барем во овој момент со едно такво ниво на долг немаме такви проблеми и стравување, меѓутоа проблемите кои настанаа со должничкта криза во Европа ни причинуваат други проблеми во нашата економија во однос на извозот, реалниот сектор со кој ние се справуваме и ќе продолжиме да се справуваме, изјави премиерот и додаде дека посочил оти растот на БДП во првите шест месеци е 5,2 проценти, дека имаме  ниска инфлација и оти се очекува и во наредниот период да продоолжи растот но можеби не со така динамика како претходно заради проблемите во Европа, но сепак дека се очекува раст кој ќе биде релативно задоволителен.
 
Тој истакна дека Македонската берза има интерес како инвеститор во неа да влезе Австриската берза и оти доколку за таа постои интерес Владата ќе го поддржи таквиот процес.

Премиерот Никола Груевски вечерва ја доби престижната награда за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво на земјите членки на Виенскиот економски форум. Наградата која се доделува на личности кои дале придоес за економска промоција на својата земја и на регионот преку успешно спроведени политики што ги одразуваат целите на Виенскиот економски форум, на Груевски му беше врачена во рамки на 8. Виенски економски форум на кој тој имаше и обраќање во завршната сесија.

Груевски посочи дека како врвен приоритет на Репубика Македонија на политички и економски план останува визијата за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатланско семејство, што ќе се постигне со членството во ЕУ и НАТО, што претставува голема придобивка за севкупниот просперитет на целиот регион и пошироко, јави известувачот на МИА од Виена,

Пред присутните истакна дека владата е целосно посветена на зацртаните програмски активности со цел побрз економски развој на нашата земја. Посочувајќи на податокот дека од најголемиот дел од размената со странство 60 отсто е со земјите од ЕУ и 28 со земјите од Западен Балкан. Тоа покажува, рече тој, оти европскиот и региналниот балкански пазар се едни од најзначајните пазари во надворешно-трговската размена на земјата.

- Република Македонија во делот на макроекономските индикатори има стабилна макроекономска политика при што значително е зајакната финансиската регулатива. Една од важните макроекономски придобивки е ниската стапка на инфлација која во последната деценија во просек изнесуваше 2 отсто. Таа беше остварена благодарение на дисциплининарните макроекономски политики и одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот со еврото. Дополнително, Република Македонија има избалансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит и низок јавен долг кој изнесува приближно 25 отсто од БДП. Во првата половина од 20111 година Македонија оствари просечен раст на БДП од 5,2 отсто, рече македонскиот премиер.

Тој додаде дека Македонија продолжува да биде земја со најлесна, најевтина и најбрза постапка за регистрирање, како и тоа дека се воведени ниски и рамни даноци од 10 отсто, дека етапно се намалуваат социјалните придонеси, се поедноставува бизнис регулативата.

- Порастот на БДП и странските директни инвестиции се резултат и потврда на сеопфатните реформи за подобрување на вкупната бизнис клима, рече премиерот и додаде дека врз основа на подобрената бизнис клима и активностите за промоција на Македонија како бизнис дестинација успеавме да привлечеме познати странски компании во ТИРЗ.

Премиерот Никола Груевски ја доби престижната награда за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво на земјите членки на Виенскиот економски форум.

Наградата која се доделува на личности кои дале придоес за економска промоција на својата земја и на регионот преку успешно спроведени политики што ги одразуваат целите на Виенскиот економски форум, на премиерот Груевски му беше врачена вечерва во рамки на 8. Виенски економски форум на кој тој имаше и обраќање во завршната сесија.

Како што јави известувачот на МИА од Виена, Груевски посочил дека како врвен приориет на Репубика Македонија на политички и економски план останува визијата за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатланско семејство, што ќе се постигне со членството во ЕУ и НАТО, што претставува голема придобивка за севкупниот просперитет на целиот регион и пошироко.

Пред присутните истакна дека владата е целосно посветена на зацртаните програмски активности со цел побрз економски развој на нашата земја. Посочувајќи на податокот дека од најголемиот дел од размената со странство 60 отсто е со земјите од ЕУ и 28 со земјите од Западен Балкан. Тоа покажува, рече тој, оти европскиот и региналниот балкански пазар се едни од најзначајните пазари во надворешно-трговската размена на земјата.

- Република Македонија во делот на макроекономските индикатори има стабилна макроекономска политика при што значително е зајакната финансиската регулатива. Една од важните макроекономски придобивки е ниската стапка на инфлација која во последната деценија во просек изнесуваше 2 отсто. Таа беше остварена благодарение на дисциплининарните макроекономски политики и одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот со еврото. Дополнително, Република Македонија има избалансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит и низок јавен долг кој изнесува приближно 25 отсто од БДП. Во првата половина од 20111 година Македонија оствари просечен раст на БДП од 5,2 отсто, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека Македонија продолжува да биде земја со најлесна, најевтина и најбрза постапка за регистрирање, како и тоа дека се воведени ниски и рамни даноци од 10 отсто, дека етапно се намалуваат социјалните придонеси, се поедноставува бизнис регулативата.

- Порастот на БДП и странските директни инвестиции се резултат и потврда на сеопфатните реформи за подобрување на вкупната бизнис клима, рече премиерот и додаде дека врз основа на подобрената бизнис клима и активностите за промоција на Македонија како бизнис дестинација успеавме да привлечеме познати странски компании во ТИРЗ.

Во рамки на посетата на Австрија, премиерот Груевски вечерва ќе има средби во Федерацијата на австриската индустрија, а утре заедно со владната делегација ќе ги претстават можностите за инвестирање на Македонско-австрискиот бизнис форум. Најавена е и средба со претседателот на Стопанската комора на Австрија Кристоф Лајтл.

Владината делегација во Виена имаше повеќе средби со претставници на јапонски, американски и германски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија. 

Во рамки на посетата на Австрија, премиерот Груевски вечерва ќе има средби во Федерацијата на австриската индустрија, а утре заедно со владината делегација ќе ги претстават можностите за инвестирање на Македонско-австрискиот бизнис форум. Најавена е и средба со претседателот на Стопанската комора на Австрија Кристоф Лајтл.