ВТОР ОГЛАС За пројавување на интерес за ангажирање на лица на РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ

В Т О Р О Г Л А С

За пројавување на интерес за ангажирање на лица на РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ

 

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА има потреба од ангажирање на компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Владата на Република Македонија.

Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат за одредена позиција потребно е  силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.

Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование, да ги поддржуваат политиките на Владата на РМ во областа за која се пријавуваат, да ги исполнуваат законските услови за позицијата за која се пријавуваат, како и задолжително познавање на англискиот јазик. Можност за пријавување имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле како во Република Македонија, така и во странство.

Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСПОСОБНИТЕ и НАЈСООДВЕТНИТЕ кандидати за позицијата за која се аплицира. СИТЕ пријавени кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју,  дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверки.

Сите кандидати кои се актуелни раководни лица на позициите кои се објавуваат во овој оглас и мандатот им истекува во 2013 година, раководни лица со истечен мандат или в.д. раководни лица на позициите за кои се објавува овој оглас имаат право и можност повторно да се пријават за позициите кои досега ги извршуваат. Истите лица имаат можност повторно да бидат избрани од страна на Владата на РМ врз основа на условите објавени во овој оглас. Сепак, Владата на РМ тоа го смета како можност, но не и како обврска.

Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Владата на Република Македонија, но со цел да се даде шанса на што поголем број на способни луѓе, Владата се одлучи на ваков чекор.

Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот. 

Заинтересираните кандидати потребно е да достават: мотивациско писмо од најмногу 500 зборови во кое задолжително ќе пишува за која позиција кандидатот аплицира, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни, препораки, уверенија за познавање на странски јазик, како и пополнета веб апликација која може да се најде на веб страната на Владата на РМ –  www.vlada.mk

Апликација можете да превземете од тука.

Документите да се достават заклучно со 05.07.2013 година

На адреса:

Влада на Република Македонија

Бул. Илинден бр. 2, 1000 Скопје

Со назнака: Втор оглас за пројавување интерес за раководни позиции

 

 

Позиции за кои се бара пројавување на интерес:


 

  1. Организациски директор на Клиничка болница Битола, Др. Трифун Пановски(1 извршител);


 

VII/1 степен високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент, најмалку три години работно искуство од економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации и положен испит за директор;


 


 

  1. Организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника (16 извршители), и тоа:


 

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилица и врат-Максилофацијална хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија,дијабетес и метаболични нарушувања;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетерохепатологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за уво,нос и грло;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести;


 

VII/1 степен високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент, најмалку три години работно искуство од економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации и положен испит за директор.


 


 

  1. Медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника (7 извршители), и тоа:


 

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија;

  • ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија,дијабетес и метаболични нарушувања;


 

VII/1 степен високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки или високо образование - дипломиран логопед, или високо образование - специјалист по медицинска биохемија или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации, најмалку пет години работно искуство и положен испит за директор.


 

  1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија- Директор на Сектор за финансиски прашања - (1 извршител);


 

VII степен на образование- Економски факултет, минимум 5 години работно искуство.


 

  1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија- Директор на Сектор за сметководство и трезор - (1 извршител);

VII степен на образование- Економски факултет, минимум 5 години работно искуство.


 

  1. Јавно претпријатие за државни патишта- Директор;


 

Високо образование, минимум 240 кредити според ЕКТС, 5 години работно искуство од кои минимум две години на раководна позиција.


 

  1. Државен инспекторат за градежништво и урбанизам- Директор;


 

VII степен високо образование, економски, правен, градежен или архитектонски факултет, најмалку 5 години работно искуство.


 

  1. Раководител на подрачно одделение за првостепена управна постапка во Подрачно одделение за првостепена управна постапка- Управа за имотно правни работи (9 извршители), и тоа:


 

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Валандово;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Кавадарци;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Кочани;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Охрид;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Штип;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Пробиштип;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Кисела Вода;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Карпош;

  • Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Чаир;


 

300 кредити по ЕКТС или VII/1 правни студии, работно искуство во струката најмалку 4 години, од кои 1 година во државна служба.


 

  1. Раководител – директор на ПШС ЈП Македонски Шуми Скопје (18 извршители), и тоа:

  2. ПШС „Рамна река“ Пехчево;

  3. ПШС „Бор“ Кавадарци;

  4. ПШС „Бигла“ Демир Хисар;

  5. ПШС „Кајмакчалан“ Битола

  6. ПШС „Лопушник“ Кичево

  7. ПШС „Голак“ Делчево;

  8. ПШС „Осогово“ Крива Паланка;

  9. ПШС „Јабланица“ Струга;

  10. ПШС „Галичица“ Охрид;

  11. ПШС „Црн Бор“ Прилеп;

  12. ПШС „Осогово“ Кочани;

  13. ПШС „Плачковица“ Радовиш;

  14. ПШС „Саланџак“ Валандово;

  15. ПШС „Кожув“ Гевгелија;

  16. ПШС „Липа“ Крушево;

  17. ПШС „Лешница“ Тетово;

  18. ПШС „Кратово“ Кратово;

  19. ПШС „Шумарство“ Свети Николе;

VII/1 степен високо образование – ВСС,3 години соодветно работно искуство што кандидатот го поминал на работа по стекнувањето со бараната стручна подготовка, работа со компјутери (Microsoft Office), познавање од проблематиката на наведеното работно место, раководни и организациски вештини, способност за комуникација и тимска работа и креативност, државјанин на Република Македонија, да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

  1. Раководител во Центар за вработување- Агенција за вработување (3 извршители) и тоа:

  2. Центар за вработување Делчево;

  3. Центар за вработување Берово;

  4. Центар за вработување Крива Паланка;

VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката, познавање на англиски јазик, одлични организациски вештини, одлични комуникациски вештини, способност за тимска работа.

 

  1. М- НАВ- Член на Надзорен одбор (1 извршител);

Стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејност од областа на финансиското работење.


 

  1. М- НАВ- Член на Управен одбор- Извршен директор за воздухопловна техника (1 извршител од редот на вработените);


 

Стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејноста на друштвото, да поседува валидна дозвола на воздухопловно- технички персонал и најмалку 6 годишно работно искуство како воздухопловно- технички персонал.


 


 

  1. АД МЕПСО- Член на УО и Директор на подружница за Оператор на пазар на електрична енергија;


 

VII степен високо образование електротехнички, машински или економски факултет, 4 години работно искуство, познавање на англиски јазик.


 


 

  1. АД МЕПСО- Претседател на Надзорен одбор;


 

VII високо образование, електротехнички или машински факултет, 5 години работно искуство.


 


 


 

  1. Советник во подрачна канцеларија за матично работење на Управа за водење матична евиденција (7 извршители), и тоа:


 

  • Подрачна канцеларија за матично работење Демир Хисар;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Демир Капија;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Богданци;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Берово;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Кочани;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Пехчево;

  • Подрачна канцеларија за матично работење Македонска Каменица;


 

VII/1 степен високо образование- општествени науки со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, најмалку 3 години работно искуство во струката, активно познавање на англиски или друг светски јазик, работа со MS Office, ефективна усна и писмена комуникација.


 


 

  1. Раководител на подрачно одделение за матично работење во Управа за водење на матична евиденција (3 извршители), и тоа:


 

  • Подрачно одделение за матично работење Струмица;

  • Подрачно одделение за матично работење Велес;

  • Подрачно одделение за матично работење Скопје;


 

Правен факултет - правни студии со стекнати 300 кредити според ЕКТС или со VII/1 степен или филолошки факултет, најмалку 4 години работно искуство во струката, активно познавање на англиски или друг светски јазик, работа со MS Office, ефективна усна и писмена комуникација.


 

  1. Раководител на одделение за катастар на недвижности- Агенција за катастар на недвижности (9 извршители) и тоа:


 

  • Одделение за катастар на недвижности - Берово;

  • Одделение за катастар на недвижности - Гевгелија;

  • Одделение за катастар на недвижности - Валандово;

  • Одделение за катастар на недвижности - Кочани;

  • Одделение за катастар на недвижности- Крива Паланка;

  • Одделение за катастар на недвижности- Радовиш;

  • Одделение за катастар на недвижности- Свети Николе;

  • Одделение за катастар на недвижности- Струмица;

  • Одделение за катастар на недвижности - Дебар;

VII - дипломиран правник или VII - дипломиран геодетски инженер - Геодетски Факултет, работно искуство најмалку 1 година.

  1. Раководител на подрачно одделение – Биро за развој на образование (4 извршители), и тоа:


 

  • Подрачно одделение Охрид;

  • Подрачно одделение Велес;

  • Подрачно одделение Кавадарци;

  • Подрачно одделение Куманово;

300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование со педагошко- психолошка и методска подготовка или факултет за образование на наставници, најмалку 6 години работно искуство во воспитно- образовна работа од кои 1 година во државната служба.

  1. Раководител на одделение во подрачна единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (14 извршители), и тоа:


 

  • Подрачна единица Македонски брод;

  • Подрачна единица Ресен;

  • Подрачна единица Кочани;

  • Подрачна единица Виница;

  • Подрачна единица Делчево;

  • Подрачна единица Гевгелија;

  • Подрачна единица Штип;

  • Подрачна единица Пробиштип;

  • Подрачна единица Гази Баба;

  • Подрачна единица Неготино;

  • Подрачна единица Валандово;

  • Подрачна единица Кисела Вода;

  • Подрачна единица Куманово;

  • Подрачна единица Демир Хисар;


 

Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Факултет од областа на земјоделските/шумарските науки, одлични организаторски способности, одлични интерперсонални и насочувачки вештини, ефективна писмена комуникација, одлично снаоѓање и работа во услови на притисок и стрес, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои 1 (една) година во државна служба.