Веле Самак

ВЕЛЕ САМАК- Министер без ресор
Веле Самак е роден на 11.08.1974 година во Прилеп.
Во 1996 година дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго (University of Chicago) и Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија ( The Wharton School at the University of Pennsylvania ) во 2005 година.
Во август 2006 година станува министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Владата. На оваа позиција е дојден од Корпорацијата Мајкрософт (Microsoft) како маркетинг менеџер одговорен за Америчкиот пазар за производи за деловна интелигенција (Business Intelligence) и SQL Server 2005. Во својата позиција реализира кампањи што помагаат да придонесат приход од над 1 милијарда американски долари и со кои има освоено 2 награди за успешен маркетинг. Во 2004 година, заедно со група студенти во школата Вартон, превзема проект од наставата и ја формира фирмата ТераПас (TerraPass) која користи пазарни механизми за неутрализирање на CO2 гасовите од автомобилите, и како портпарол ја претставува уникатната приказна пред сите медии во Америка. Денес ТераПас (TerraPass) е најуспешна фирма во својот сектор.
Претходно работел во Ситигруп (Citigroup), најголемата финансиска фирма во светот, како потпретседател во одсекот за кватнитативни истражувања (Global Quantative Research). Во оваа високо рангирана групација со годишен приход од 120 милиони американски долари, се употребува истражување и технологија за да се најдат инвестициони стратегии за светските инвеститори. Меѓудругото, неговиот труд за алокација на пензиски фондови е нашироко цитиран и објавен во престижниот Журнал за Финансики Аналитичари (Financial Analysts Journal). Во неговата биографија стои дека е единствен аналитичар кој бил унапреден во потпретседател по 1,5 година. Оценет со највисока оценка во сите годишни прегледи.
Поранешен секретар на Здружението за македонско-американско пријателство (MAFA), зборува англиски, a разбира српски, хрватски и германски јазик. Живее со својата ќерка во Скопје.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото