Презентирана програмата на ЕУ за мобилност и истражување „Марија Кири“

Делегацијата на ЕУ во Скопје денеска ја промовираше акциската програма „Марија Кири“ во рамки на Седмата рамковна програма (FP7) на Европската унија, наменета за мобилност, иновации и истражувања.

Акцијата „Марија Кири“ се промовира во годината кога се одбележува еден век од доделувањето на Нобеловата награда за хемија на Марија Склодовска-Кири. Таа била прва жена добитник на Нобелова награда и единствена што добила две - за физика (1903) и за хемија (1911). Успехот и постигнувањата на Склодовска-Кири  биле инспирација за ЕУ по неа да ја именува новата програма за мобилност.

- Сакаме да го подобриме знаењето преку границите, да ја зголемиме мобилноста на истражувачите, со што ќе се отворат и повеќе работни места. Нашиот импут во однос на истражувањето и развојот е доста голем, тоа се околу 4,7 милијарди евра за пет години. Сакаме и македонските истражувачи и научници да се вклучат во овој процес, да ги слушнеме вашите идеи. Не сме доволни задоволни од тоа што  досега се прави и затоа сакаме да ве вклучиме повеќе. Мобилноста е значајна за стекнување знаења, но и за контакти, а тоа е дел од успехот во ЕУ, рече в.д шефот на Делегацјата на ЕУ во Скопје Роберт Лидл. Тој посочи дека 3 проценти од БДП Европската унија ги посветува на истражувања и иновации.

Министерот за образование и наука Панче Кралев рече дека Република Македонија во регионални рамки успешно ги користи средствата од европските фондови.

- Но, далеку е од нивото кое  може да го искористи и од кое ние како МОН и Влада би биле задоволни. Од јануари 2007 до јануари 2011 претставници од Македонија партиципирале во 350 предлог-проекти, од кои 54 биле успешни. Најзастапени се проектите од информатичките и комуникациските технологии, енергијата, здравството, земјоделството и храната... Со ова се потврдува дека Седмата рамковна програма, чии предизвици се подобрување на квалитетот на животот на граѓаните е прилично  популарна во нашата земја, но останува уште многу работа за што поголемо вклучување, особено на малите и средните претпријатија и локалната самоуправа, рече Кралев.

Стоте години од доделувањето на Нобеловата награда за хемија  на Марија Кири беа одбележани со претстава во режија на Наташа Поплавска.