Абдилаќим Адеми

Абдилаќим Адеми стапи на функцијата Министер за животна средина и просторно планирање на 27 август 2011 година во Скопје, Република Македонија.

Роден е на 20 декември 1969 година во Шемшево –Тетово.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
2008-2011

  • Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

2007-2008

  • ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово

2006-2007

  • Член на Бордот на директори во АД „ГА-МА“ – Скопје.

2004-2006

  • Асистент во Државниот универзитет во Тетово, предмет „Анализа на градежни материјали“.

2002 - 2006

  • Пратеник во Собранието на Република Македонија;
  • Комисија за економски прашања – претседател на Комисијата;
  • Комитет за односи меѓу заедниците – член на Комитетот;
  • Комисија за финансирање и буџет – член на Комисијата;
  • Комисија за транспорт, врски и екологија – член на Комисијата.



ОБРАЗОВАНИЕ

  • Постдипломски студии: Универзитет во Приштина, насока: „Анализа и употреба на материјали“, заеднички проект со Техничкиот универзитет – Фреиберг, Германија. Тема: „Анализа на пепелот на ТЕЦ „Осломеј’“, за употреба на производство на цемент“.

1996

  • Дипломиран инженер по металургија, Политекнички факултет - Тирана.
  • Средно: Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетово, Математика – Информатика.
  • Основно: „Даме Груев“ – Шемшово.