Министерот Димовски свечено го отвори 61. издание на Агрофуд 2011

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, синоќа ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор - Агрофуд 2011.

Традиционално и оваа година на едно место, во интерес на унапредување на секторот, преку размена на искуства и непосредни контакти, потенцира министерот Димовски, се среќаваат директните учесници во синџирот на производство на храна-производителите, преработувачите, трговците и потрошувачите.

- Република Македонија е земја која ги следи светските текови во производството на храна и оттаму, во изманитеве неколку години сериозно се зафативме со стабилизирање на секторот кој го храни населението.Преку драстично зголемување на субвенциите, од симболични 5 милиони евра во 2006 година и годинешните 115 милиони евра, додадовме нов импулс во примарното производство и во преработувачкиот сектор, истакна во обраќањето министерот Димовски.

Усогласената регулатива со европската беше и е уште поголема основа за подигање на стандардите во производството, за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство на домашниот и на странски пазари. Според него, со заеднички сили, со силна поддршка од државата, земјоделците, преработувачите и трговците, во годините што следат, треба природниот потенцијал за земјоделско производство со кој располага нашата држава, оптимално да се искористи и да се стави во функција на производство на повеќе храна.

- И оваа година, од оваа реномирана саемска манифестација на светот ќе му испратиме јасна порака дека местото на македонското земјоделство е до современите економии, не случајно, бидејќи во неколкуте изминати години покажавме дека со искрена заложба и со сериозна финасиска поддршка да се поправи ова што со децении било заборавено.Затоа што еден високопродуктивен сектор може и треба да биде водечки и во нашата држава, зошто има можности за развој, а и предизвиците во светски рамки за него од ден на ден стануваат се поголеми, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој подвлече оти е реализирано зацртаното за развој на земјоделството и дека националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и предпристапните фондови на Европската унија се реалност и основа за модернизација на производството кое од година во година бележи се поголем раст и развој и се приближува до европското.

Во рамки на Агрофуд 2011, годинава, првпат се одржува „Вински фестивал“, кој според министерот Димовски е уште една можност за промоција  на Македонија како сериозен производител на врвни и високо кавалитетни вина.

- Само од комбинација на знаењето, пренесувано со генерации искуство, модерната технологија и со многу чувство и љубов, може да се создаде најдоброто и највкусно вино.Мудроста и искуството на нашите предци пренесувани од памтивек до денес се споени во совршена хармонија со совршена технологија и знаење, додаде тој.

Винарскиот сектор, во услови на сериозни пореметувања на глобалниот пазар, смета тој, изминативе години ја доживува својата експанзија. 

- Сите досегашни вложувања во винарскиот сектор претставуваат потврда на заложбите на владата за развој на оваа перспективна стопанска гранка, а тие, веќе ги даваат позитивните резултати и тоа преку зголеменото производство на вино, трасирањето на мекедонските вински патишта,како и преку зголемување на домашните и странските гости кои уживаат во македонското вино, истакна министерот Димовски.

Тој изрази уверување дека постоечките винарници и реализацијата на владините политики во овој сектор, покрај веќе обезбедената финансиска поддршка, ќе придонесат за уште поголем развој на лозарските региони и на винскиот туризам во целина.