Елизабета Канческа - Милевска

Елизабета Канческа - Милевска- Министер за култура
Родена е на 30 јуни 1970 година во Велес.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:
јули 2008 –
- Министер за култура во Владата на Република Македонија.
2006 до 2008
- Државен секретар за култура во Министерството за култура на Република Македонија;
- По локалните избори од листата на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за советник во Советот на Општина Кисела Вода, а подоцна е назначена и за заменик на градоначалникот на Општината;
- Активен член е на Извршниот одбор на невладината организација Европско движење на РМ.
2005
- Се вработува на Европскиот универзитет – Скопје како асистент по предметите: Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
2004
- Работи во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ.
- Од страна на Агенцијата за државни службеници се здобива со сертификат за обучување од областа на историскиот развој на ЕУ, институционалната поставеност и правните принципи, при што активно учествува во реализацијата на обуката организирана за државните службеници во РМ.
2002
- Се вработува во Агенцијата за државни службеници како раководител на Одделението за европска интеграција.
- Активно учествува во донесувањето на Националната програма за култура, во осмислувањето и дефинирањето на Културната политика, во донесувањето на многу законски и подзаконски акти, во интензивната меѓународна соработка и во многу други активности кои позитивно се одразуваат врз континуитетот, квантитетот и врз квалитетот на културниот живот во РМ во тој период.
- Во периодот на работењето во Министерството за култура, освен организациско-функционалниот ангажман и следењето на сите состојби во културата, активно е вклучена во сите проекти од национален интерес за културата и во реализирањето на голем број капитални зафати во соработка со Светската банка, програмата Фаре итн.
2000
- Државен секретар во Министерството за култура.
1999
- Советник на министерот за култура Љубен Пауновски.
1998
- Шеф на кабинет на министерот за култура, проф. д-р Димитар Димитров.
1992 до 1998
- Работи во приватна фирма, за извоз-увоз, во областа на економско-правните работи и како менаџер.
ОБРАЗОВАНИЕ:
2005
- Магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации“ на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“.
1993
- Дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, група Социологија.
1989
- Завршува средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото