Иво Ивановски


ИВО ИВАНОВСКИ - Министер за информатичко општество и администрација

М-р Иво Ивановски е роден во Битола на 10 јануари 1978 година.

Во 2001 година дипломираше во областа на Информатиката и информатичкото инженерство на Државниот Универзитет Охајо Стејт во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжи на Франклин Универзитетот, каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година. Пред да биде именуван за Министер за информатичко општество, тој беше менаџер на ИТ секторот во компанијата „Plaskolite Incorporated“, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот.

Својата кариера м-р Ивановски ја започна во 1997 година како специјалист за техничка поддршка на компјутерска опрема. Подоцна беше унапреден за ИТ менаџер на секторот за развој и одржување на компјутерската технологија. Неговите одговорности како ИТ менаџер беа да ги пронаоѓа најдобрите бизнис вредности на инвестирањето во информатичката технологија, да раководи со буџетот за информатичка технологија, да ги усогласува инвестициите со бизнис стратегијата на компанијата, да обезбеди високо ниво на услуги и да ги подобри целокупните оперативни способности на компанијата.

На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски беше именуван од Премиерот на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество.

На 01 август 2008, беше избран за Министер за информатичко општество.

За време на неговиото мандат како член во Владата на Република Македонија членува и заседава :

Претседател на Комисијата за решавање управни работи во втор степен од областа на премерот, катастарот и запишување на правата на недвижностите (Јан. 2007 - Јун. 2010),
Претседател на Комисијата за решaвање во управна постапка во втор степен од областа на трудот, социјалната политика и здравството. (Јуни 2010 - денес)
Претседател на Национален совет за информатичко општество (Март 2009- денес)
Претседател на Управен одбор за Националното интегрирано гранично управување ( Април 2009 - денес)
Член на Комисијата за човекови ресурси и одржлив развој. (Јан. 2007 - денес)
Член на Комисијата за политички систем (Јан. 2007 - денес)
Член на Комисиајта за стамбени и иселенички прашања  (Август 2008-денес)

Во меѓународните организации г-дин Ивановски ја претставува Република Македонија како:

  • Член на Управниот одбор на директори на Глобалната Алијанса за Развој на ИТ од Обединетите Нации (Април 2009 – денес) www.un-gaid.org
  • Член на советодавното тело на ICANN Corp.( Интернетската Корпорација за Доделени Имиња и Броеви) (Септември 2009 – денес)  www.icaan.org
  • Комесар во Комисијата за Широкопојасен интернет, дигитален развој на Интернационална Телекомуникациска Унија (Јуни 2010 – денес) www.broadbandcommission.org

М-р Иво Ивановски има публикувано и  труд во Асоцијацијата за напредок на вештачката интелегенција: UMAR, A.; IVANOVSKI, I.. Computer Aided Strategic Planning for eGovernment Agility. AAAI Spring Symposium Series, North America, mar. 2011.