Панче Кралев

Панче Кралев стапи на функцијата Министер за образование и наука  на 28 јули 2011 година во Скопје, Република Македонија.

Роден е на  30 август 1981 година во Штип.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
28 јули 2011-

  • Министер за образование и наука.

јули 2009 –

  • Советник за економски прашања со активности во однос на спроведување на проекти во енергетиката, инфраструктурата и странските инвестиции, кабинет на ЗПВРМ за економски прашања, Влада на Република Македонија.

 јуни 2008 – јули 2009

  • Соработник за финансиско советување во финансиско структурирање на проекти во енергетиката и инфраструктурата како и во спојувања и аквизиции, Раифаизен Инвестментс, Белград, Србија.

 октомври 2006 - мај 2008

  • Советник за економски и трговски прашања во однос на развојните економски програми на Холандската влада кои се имплементираат во Македонија, Амбасада на Кралство Холандија, Скопје, Македонија.

септември 2003 – јуни 2005

  • Асистент за истражување и тутор на студентите на Сити Колеџ, Центар за истражување на ЈИЕ, Солун, Грција.

 јуни 2001 – септември 2001

  • Анализа на компаниите кои се составен дел на портфолиото на инвестиции на СЕАФ фондот, СЕАФ Инвестиционен фонд (SEAF), Скопје, Македонија.


ОБРАЗОВАНИЕ
јуни 2005 –

  • Европски центар за мир и развој (ЕЦПД), докторски студии на тема „Финансиски реформи во ЈИЕ“ – (во мирување).

 септември 2002 – октомври 2003

  • Mагистерски студии, Економија, финансии и менаџмент, Универзитет, Бристол, Обидинето Кралство.

 септември 1999 – јуни 2002

  • Дипломиран економист, Бизнис студии (Сметководство и Финансии),(Класа I-ва Диплома),Универзитет во Шефилд, (Сити Колеџ).

 септември 1997 – јуни 1999

  • Меѓународна матура,  „Јосип Броз Тито“ -  Скопје.

 септември 1995 – јуни 1997

  • Меѓународен сертификат за секундарно образование (IGCSE), Жан Д Арк Колеџ, Мастрихт, Холандија.

 септември 1992 – јуни 1995

  • Жан Д Арк Колеџ, Мастрихт, Холандија.

 септември 1988 – јуни 1992

  • Основно училиште „Браќа Рибар“ – Скопје.