Билатерални средби на министерот Димовски со претставници на ресорните министерства на Унгарија, Полска и Германија

Покренување на иницијатива за склучување  на билатерални договори за соработка меѓу министерствата за земјоделство од регионот и интензивирање на соработката на полето на интегративните процеси, во прв ред преку пренесување на позитивните искуства од страна на земјите - членки на Европската унија, беше договорено денеска од страна на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија.

Министерот Димовски, како што соопшти ресорното Министерство, имаше билатерални состаноци  во рамки на Годишниот состанок на министрите за земјоделство, членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој што ќе се одржи утре во винаријата „Стоби“ во Градско.

Интензивирање на маркетингот на земјоделските производи од Република Македонија,  привлекување на странски инвеститори преку промовирање на условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за заинтересиранте странски инвеститори, ниските каматни стапки, но преку можноста за формирање на  мешовити компании од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, како што истакна министерот Диомовски се приоритетите кон кои  е насочена реализацијата на неколкуте програми на Владата на Република Македонија и на Министреството за земјоделство во делот на зголемување на конкуретноста и продуктивноста на македонското земјоделство.

- Во изминативе неколку години рапидно ги зголемивме субвенциите во земјоделството, а како резултат на многубројните програми за модернизација на механизацијата, за осовременување на системите за наводнување, евидентираме и зголемени приноси и извоз  на странските пазари, потенцира министерот Димовски.

Тој посочи дека е добредојдена секоја соработка на полето  на земјоделството која е во насока на осовременување и приближување на овој сектор кон Европската унија.

Претставниците на унгарското, германското и  полското министрество за земјоделство го изразија задоволството од можноста за пренесување на нивното искуство  во полето на земјоделството на земја - кандидат за членство каква што е нашата и особено внимание посветија на презентацијата на министреот Димовски посветена на македонскиот агро сектор, во најголем дел на производството на грозје и вино, на тутун, на градинарски производи и овошје.

Тие ја поздравија иницијативата за  формирање на Центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал, кој е во насока на зголемување на продуктивноста на македонското земјоделство, вклучително и во борбата против климатските промени.

Министреот Димовски посочи дека трговијата со земјоделско прехранбени производи со овие земји иако генерално е добра, во иднина има услови и треба да се зголеми.