Валон Сарачини


ВАЉОН САРАЧИНИ стапи на функцијата Министер за економија во јули 2011 година, поставувајќи ги за приоритети во својот мандат подобрувањето на бизнис климата, зголемувањето на конкурентноста на македонската економија, развојот на ефикасен и стабилен енергетски систем, планското и одржливо искористување на минералните суровини и развој на туризмот.  

Роден е на 24 јули 1981 година.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
Јули 2011

  • Министер за економија.

2010 – 2011

  • Директор за комуникации и маркетинг на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје: Oдговорен за подготвување на комплетна маркетинг стратегија, стратегија за односи со јавностa и маркетинг кампањата на УАКС, иницирање и реализација на активности поврзани со Деловниот совет и Алумни клубот, во согласност со потребите на деловната заедница и на УАКС, како и комуникација со  бизнис групи, владини агенции и НВО-а.

2007 – 2010

  • Оперативен директор на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје:  менаџирање на активностите на Универзитетот и координација на одделните сектори, планирање и дефинирање на буџет и спроведување на плановите, воспоставување работни процеси и политики кои помагаат во извршување на активностите поврзани со Универзитетот, дефинирање, мерење, евалуација и подобрување на квалитетот на услугите.

2002 – 2004

  • Административен службеник во Норвешкиот совет за бегалци – Скопје: планирање и реализирање на активностите во делокругот на функционирањето на оваа невладина организација и континуирана комуникација со јавноста.

 
ОБРАЗОВАНИЕ
2010

  • Постдипломски студии, Лидерство, претприемништво, корпоративно управување, рекламирање и промоција, маркетинг истражување, корпоративни финансии – напредно ниво, Универзитет Американ Колеџ – Скопје.

2006-2009

  • Дипломиран економист по деловна администрација - маркетинг, Бизнис стратегија и политика, маркетинг менаџмент, организациско однесување, корпоративни финансии Универзитет Американ Колеџ – Скопје.