Блерим Беџети

Блерим Беџети стапи на функцијата Министер за правда во Владата на Република Македонија во август 2011 година во Скопје, Република Македонија.

Роден е на 16 октомври 1976 година во Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
2011

  • Министер за правда на Република Македонија.

2009 - 2011

  • Градоначалник на Општина Сарај;
  • Член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

2008 – 2009

  • Пратеник во Собрание на Република Македонија.

2006 - 2008

  • Пратеник во Собранието  на Република Македонија;
  • Претседател на  собраниската Комисија за локална самоуправа;
  • Член на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија;
  • Член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

2005 – 2006

  • Адвокатска канцеларија.

2002 – 2005

  • Виш соработник  во Министерството за правда.


ОБРАЗОВАНИЕ
2005

  • Квалификации со положен правосуден испит.

1998-2002

  • Дипломиран правник, Правен факултет, Универзитет во Приштина.