Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска - Министер за внатрешни работи

Датум и место на раѓање: 12.10.1975 година во Охрид.

Образование: Дипломирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет во Скопје во 1999 година, а магистрирала во 2003 година на University of Kent, Canterbury, Велика Британија на насоката меѓународно комерцијално право на тема Нормативните ризици и странските инвестиции на Kent Law School. Во јули 2004 година Правниот факултет при Универзитетот во Кент и ја додели Наградата за посебни достигнувања во областа на правото.

Работно искуство: Во периодот од 1999 до 2000 и 2004 до 2006 работи како правник во приватниот сектор.

Од 2000 - 2002 е вработена како државен советник во Министерството за финансии, каде во истиот период е ангажирана на позиција шеф на Кабинетот на министерот.
Од септември 2004 година работи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ до нејзиното предложување за министер за внатрешни работи.
Во периодот 2005/2006 е член на советот на град Скопје.

На парламентарните избори во 2006, 2008 и 2011 е избрана за пратеник во собранието на Република Македонија. Од 27.08.2006 година е министер за внатрешни работи.
 
Јанкулоска говори англиски јазик а се служи и со албански јазик.