Теута Арифи


ТЕУТА АРИФИ- Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања

1.Лични податоци:

  • Име и презиме: ТЕУТА АРИФИ
  • Ден на раѓање: 19 октомври 1969
  • Место на раѓање: Тетово, Република Македонија
  • Брачна состојба: Мажена, мајка на две деца
  • Националност: Албанка

2.Образование:

  • Дипломиран филолог - на 4 Јули 1991 на Универзитетот во Приштина (Косово);
  • Магистар по филолошки науки - 15 декември 1995 на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", Скопје (Република  Македонија);
  • Доктор по филолошки науки, докторска дисертација на тема: Жената во албанските традиционални правни норми и албанската литература од почетокот до крајот на ХХ век, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје (Република  Македонија);
  • Стипендист на Институтот за женско лидерство, Санта фе, Њу Мексико, САД (јануари-ноември 1992).
  • Стипендист-истражувач на Институтот CORE за студии за ОБСЕ при Универзтитетот во Хамбург (1999-2011) - Резултат на престојот е студијата: “Ефективноста на режимот за малцинства на ОБСЕ - случајот на Албанците во Македонија).

3. Работно искуство:

  • од 10 јануари 1997 - асистент професор по предметот Историја на албанската литература на Филолошкиот фкултет, Универзитет "Кирил и Методиј", Скопје (Катедра за албански јазик и литература);
  • Од октомври 2001 - асистент професор по предметот Мултикултурни прашања на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ, Тетово;
  • 2001-2006 - Декан на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ;
  • Од октомври 2001 - член на Заедничкиот одбор на Универзитетот на ЈИЕ;
  • Од мај 2002 - поптпретседател на Демократската унија за интетрација, водечка политичка партија на Албанците во Македонија;
  • Од октомври 2002 - пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, член во Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, шеф на Делгацијата на Собрание на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО;
  • Од јули 2006 - пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на Комисијата за култура;
  • Од јуни 2008 - пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија (Организација на првата надзорна расправа во Собранието за билатералните договори меѓу Република Македонија и САД);
  • Од јуни 2011 - пратеник во Собранието на Република Македонија;

4. Политички активности:

  • Член на претседателство и Потпредсетател на Демократска Унија за Интеграција

5. Други активности:

  • 1998-2000 - потпретседател на групата специјалисти на Советот на Европа за позитивни акции во областа на рамноправноста меѓу жените и мажите;
  • 1 март 1996 - 10 јануари 1997 - советник во Министерството за надворешни работи и раководител на Секторот за ОБСЕ и други меѓународни организации  во Министерството за надворешни работи;
  • 5-22 ноември 1996 - член на македонската Делегација на Конференцијата на ОБСЕ одржана во Виена, работна група 2: човечка димензија;
  • Мај 1996 - член на тимот на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Албанија;
  • 1 март 1995 - 1 март 1996 - член на Одборот на Институтот отворено општество на фондацијата Сорос во Македонија;
  • Декември 1995 -јуни 1996 - член на делегацијата на Република  Македонија на Четвртата светска конференција за жената, Пекинг, работна група 2;
  • 1992-1994 - генерален секретар на Хелсиншкото граѓанско собрание, комитет во Македонија;
  • 1994 - член на групата иницијатори за основање на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија;
  • 1992 - член на групата иницијатори за основање на Лигата на жените албанки во Македонина;
  • 1991-1992 - одговорна за страницата посветена на жената во политичкиот неделник КОХА во Приштина.
  • Претставник во Управниот комитет на експерти за рамнопраност на жените и мажите во Советот на Европа, Стразбур (1995-2000);
  • Член на Бирото на Управниот комитет за рамнопраност на Советот на Европа, Стразбур (1996-2000);
  • Член на одборот на Центарот за мултикултура и разбирање, Скопје (1997-1999);
  • Коментатор на радио "Дојче веле", Оддел за Јужна Европа, Келн (1992-2002);
  • Член на истражувачкиот тим на Мировниот институт на Универзитетот во Хамбург, во врска со работата на Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ (1999-2001);
  • Член на советодавниот одбор на Истражувачкиот тим за положбата на малцинствата во Јужна Европа, ЦЕИ-Будимпешта (1998-2000).

6.Објавени трудови:

  • "Gjeografia mia" (“Мојата географија), поезија, објавена во Скопје, 1996;
  • "Feminizmi ekzistencialist" (Егзистенцијален феминизам), студија, Скопје, 1997;
  • Егзистенцијален феминизам, македонска верзија на претходната книга, објавена во Скопје, 1997;
  • Учеството на жените во современите трендови во Република  Македонија - студија, објавена заедно со две други истражувања од страна на фондацијата Фридрих Еберт, Скопје, 1997;
  • "Shатё ditё маgјiке" (Седум волшебни денови), раскази, објавена во Скопје, 1998.
  • Од септември 2006 - колумнист во дневниот весник Дневник.

7. Јазици

    • Албански (мајчин),
    • македонски,
    • турски,
    • англиски,
    • француски,
    • италијански,
    • српскохрватски.

8. Компјутерски вештини

  • Microsoft office ( Word, excel, power point, acces)