Владимир Пешевски

ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ - Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Роден е на 19 јуни 1970 година.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:
2009 – 2011
- Вицепремиер за економски прашања: Координирање на економските ресори и институции во Владата на Република Македонија, со посебен фокус на големите инфраструктурни проекти, привлекување и олеснување на работењето за големите странски и домашни инвеститори, подобрување на бизнис климата и креирање на економски политики за забрзан економски развој.
2005 – 2009
- Генерален директор, SEAF South Balkan Fund, и партнер Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот, и канцеларии во Холандија, Србија и Македонија. Главен инвестиционен советник при продажбата на неколку српски и косовски компании на странски инвеститори во вкупна пазарна вредност од околу 100 милиони евра.
2004-2007
- Предавач на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун), по предметот Стратешки менаџмент.
2003 – 2006
- Член на првиот избран состав на Американската стопанска комора во Македонија.Член на Националниот совет за конкурентност и претприемништво.
2001
- Краткотраен советник на претседателот Борис Трајковски, во периодот по кризата во 2001 година, околу економски политики и мерки во областите зафатени од кризата
1998 – 2005
- Генерален директор, SEAF Macedonia, Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Директно и успешно водел преговори со неколку нови странски инвеститори кои понатаму во Македонија инвестирале преку 300 милиони евра. Учествувал и како советник на инвестициониот конзорциум, кој стана доминантен сопственик на Македонски Телеком.
1996 – 1998
- Менаџмент консултант Советник за стратешки менаџмент и финансии во Македонски деловен центар, проект на УСАИД. Соработувал и давал консултантски услуги на преку 50 македонски компании, со особен фокус на изработка на долгорочни деловни планови, инвестициони анализи и големи инвестициони одлуки.
1993 – 1996
- Асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии при Македонска академија на науки и уметности. Научно истражувачка работа на проекти во областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина.
ОБРАЗОВАНИЕ:
2001
- Магистер по деловна администрација, Универзитет од Шефилд, Англија (програма на City College во Солун), 2001 година.
1993
- Дипломиран електротехнички инженер, Електротехнички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Вицепремиерот Пешевски ги презентира македонските искуства за ЈПП на светската конференција во Женева
Средба на министерот Беџети со шефoт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет
Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата
НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер
Премиерот Груевски во официјална посета на Германија
Турскиот премиер Ердоган, домаќин на премиерот Груевски
Економска промоција на Македонија во Турција
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото