Јанкулоска - Дачиќ: Соработката меѓу Македонија и Србија е добра

Односите меѓу Македонија и Србија се добри, а тие како соседи се насочени еден кон друг поради што е неопходно да се прошири меѓусебната соработка и да се покренат нови иницијативи, оцениле македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на денешната средба во Сараево, одржана на маргините од меѓународната конференција за борба против сајбер криминалот на Балканот.

Србија и Македонија, според Дачиќ, во наредниот период треба да се насочат на отворање нови гранични премини и на натамошна борба против криминалот и корупцијата.