Јанкулоска: Институциите мора да бидат подготвени за борба против компјутерскиот криминал

Институците задолжени за спроведување на законот треба и мора, со несмален интензитет, да ја унапредуваат и прилагодуваат својата подготвеност за ефикасно спротивставување кон предизвиците што во ова време ги исправа пред нас феноменот којшто го нарекуваме - сајбер или компјутерски криминал.

Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која во Сараево присуствува на  Меѓународната конференција „Безбедноста на Балканот, технологии и образование – предизвици во светот на компјутерската инфраструктура“.

Јанкулоска во своето обраќање говореше за повеќе аспкети од борбата против компјутерскиот криминал притоа акцентирајќи дел од активностите што во тој правец ги презема македонското МВР.

Министерката нагласи дека во изминатите неколку години, Република Македонија релативно брзо успеала нормативно да ги дефинира овие нови форми на кривично делување, а напоредно со тоа на организационо рамниште, во рамки на институциите да создаде потребна кадровска и техничка инфраструктура за спротивставување на овој вид криминал.