Министерството за култура покровител на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите

Министерството за култура годинава ќе биде генерален покровител на 10. јубилејна Ревија на песни, музика и игри на пензионерите, што ќе се одржи на 25 септември. Таа овозможува активно вклучување на пензионерите во културниот и во јавниот живот, но и афирмирање на македонското изворно творештво и културните вредности на сите етнички заедници.

- Настанот ќе ги обедини активностите на над 40 здруженија на пензионерите во државата кои во изминатите десеттина години преку манифестацијата настојуваа да ја сочуваат нашата етнокоеолошка традиција, да го негуваат изворниот староградски фолклор, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска по средбата со претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргировски.

Таа најави дека оваа институција и натаму ќе остане отворено за соработка и за поддршка на сите квалитетни проекти и програми на овие граѓански здруженија.

Притоа таа потсети и на досега преземените мерки кои, како што истакна, имаат за цел активно вкчучување на оваа категорија граѓани во културниот и јавниот живот, но и да ги направат културните манифестации и настани подостапни за нив.

Во изминатиот период, рече министерката за култура, се спроведени повеќе мерки за подобрување на статусот на пензионерите, меѓу кои има голем број истакнати уметници и културни работници.

- Се воведоа национални пензии со кои се потрудивме на соодветен начин да им оддадеме признание на сите оние кои целиот свој работен век го посветија на афирмацијата на македонската култура. Исто така беше преземена и мерка за педесетпроцентен попуст за пензионерите за влез во сите институции од областа на културата, рече министерката за култура.

Оваа манифестација, смета претседателот на Сојузот на здруженија на пензионерите Агргировски, е од исклучителна важност за пензионерите во Република Македонија.

- Покрај придонесот во зачувувањето на збогатата фолклорна ризница, бидејќи на манифестацијата пензионерите настапуваат со изворни песни, носии и инструменти кои, ако не беа тие, ќе беа во заборав, таа е знајачна и поради тоа штпо им дава можност за дружење и поквалитетни пензионерски денови, рече Аргировски.

На ваков начин, со поддршка на иницијативите и проектите на оваа категорија на граѓани, смета министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, Министерството за култура покажува општествена одговорност и грижа за овие лица кои, како што истакна не се обврска само на Министерството за труд и социјална политика.

- Откако ќе завршат со својот работен век продолжуваат да функционираат и со нивни секојдневни активности, со одржување на културната традиција, негувањето на фолклорот. Во теретото доба кое го живеат ним исклучително им е потребна социјализација за подолг век на живеење и поквалитетен живот, рече министерот Ристовски.

Примерот на Министерството за култура, укажа, треба да го следат и другите институции.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање најави дека пари за пензии има и ќе има, оти тие ќе продолжат да се исплаѓаат во првата недела од месецот, а најави дека ќе се реализира и планираното покачување на крајот на годинава.