Груевски најави 2.000 нови вработувања до крајот на годинава

Проектот за вработување на поголем број лица преку проекти кои Владата ги претстави во т.н „нов бран“ кој го промовиравме во јуни оди добро. Две илјади вработувања кои требаше да ги обезбеди Владата веќе се реализирани и луѓето работат низ различни општини, зборувам за оној дел кој требаше да го плати Владата.

Ова го истакна премеирот Никола Груевски во одговор на прашање по отворањето на новиот транспортен еко-систем за отпепелување во РЕК „Осломеј“.  

- Во делот што требаше да го платат општините работата во поголем дел е  завршена и луѓето се вработени но преостанува уште одреден бројка луѓе кои општините треба да ги вработат. Апелирам да бидат малку побрзи и поенергтични во завршување на оваа обврска, рече премиерот Груевски.

Нагласи дека и другите проекти кои се поврзани со поддршка при вработувањето одат со добра динамика.

- Есенва очекуваме неколку од поголемите инвеститори, кои минатата година започнаа градба на фабрики, да ја привршат и да има ново задвижување на пазарот на работна сила. Очекувам најмалку 2.000 нови работни места да се отворат со отворањето на неколкуте нови фабрики што почнаа да се градата во текот на минатата година, кои сега зваршуваат и треба да почнат со избор на вработени, истакна Груевски.