Груевски: Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, СДСМ манипулира

Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, тоа е во целосна надлежност на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Опозоциската СДСМ упатува обвинувања до Владата за да манипулира  и да  добие ситни политички поени.

Тоа го оцени денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање  по пуштањето во употреба на нов систем во РЕК „Осломеј“.

-  Владата ниту ја одредува цената на бензинот, ниту цената на струјата, ниту на парното. Тоа е во целосна надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, како што беше и во времето на СДСМ. Тоа не е сега измислено. Тоа е измислено во минатото и регулаторната комисија работи по одредени меѓународни правила и формули кои се прифатени во сите држави и истите формули  беа прифатеми во времето на СДСМ, рече Груевски.

Според него,  обвинувањата  од СДСМ дека Владата поскапела нешто е само една ситна политичка игра за да им се додвори и да ги изманипулира граѓаните за да добие некој поен.

- Ако нас не прашувате ВМРО-ДПМНЕ и Владата јас ќе ви кажам дека ние ниту поскапуваме, ниту сме среќни, ниту одобруваме такво покачување, нагалси премиерот.

Тој посочи дека нема покачување на цените кои ги одердува Владата, ниту пак на даноците. - Откако е дојдена оваа Влада ниту има зголемување на даноци, туку напротив има намалување, како и намалување на цените на лековите и на разни други давачки  како што се цените во Централниот регистар, .... и секаде каде Владата има ингеренции има намалување на цените, укажа премиерот.

За цените на енергенсите, посочи,  Владата нема ингеренции и ингеренцијата е кај Регулаторната комисија која работи по меѓународни правила.

- Во последно време забележувам дека СДСМ преку одредени свои членови кои се собрани во некакво здружение се обидуваат да исценираат одредени протести, пред се раководени од членови на СДСМ и на здруженијата коишто се финансирани од соросовите фондации кои исто така сакаат да создадат слика дека Владата ги одредува овие цени и дека Владата е виновна за тоа,  изјави Груевски.

Тој додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ биле во опозиција предупредувале оти продажбата на ЕСМ на ЕВН ќе доведе до постојано поскапување на цената на еклектричната енергија.

- Се сеќавам во тоа време дека јас и моите соработници Чингоски и Тунески што сега е во СДСМ и повеќе други јасно објавуваме дека продажбата на компанијата неминовно со тек на време ќе води до постојоно згоплемување на цените на струјата, укажа премиерот Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.