Промовирани топ 20-те најдобри доктори за јули

Министерството за здравство денеска ги промовираше 20-те доктори кои во јули имаа имаа најголем број бодови, најголем учинок и најголем број извршени сложени интервенции во установите каде работат.

Најдобрите доктори ќе добијат посебно признание и уште една плата од 30.000 денари. Најмногу лекари меѓу наградените има од комплексот клиники „Мајка Тереза“.

- Тоа беше сложена математика по која се водевме за да го извршиме овој избор на најдобри лекари. Практично ја земавме поделбата на здравството на примарно, секундарно и терциерно ниво, односно кампусот клиники „Мајка Тереза“, клиничките и општите болници, рече на денешната промоција ресорниот министер Никола Тодоров.

Тој нагласи дека денеска практично се почнува со првичната промоција на докторите кои во иднина ќе го заокружат проектот „Клуб 100 најдобри лекари“.

- Практично на овој начин сакам првпат да го одбележиме отпочнувањето со имплементација на овој проект кој треба да ја валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи, додаде Тодоров.