Положени венци пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 во кругот на МО

Венци и цвеќиња во знак на почит и спомен кон загинатите припадници на АРМ во 2001 година денеска на споменикот во дворот на Министерството за одбрана во Скопје положија министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

Пред споменикот се поклонија и положија цвеќе и семејствата и роднините на загинатите бранители од 2001 година.