Од седница на Владата: МЖ Транспорт треба да се поднови со пет нови локомотиви и 160 вагони

 

Возниот парк на Македонски железници АД Транспорт Скопје треба да биде обновен со пет нови локомотиви и 160 товарни вагони.

Владата денеска на отворената седница го усвои мислењето на Комисијата за екомски систем за подобрување на состојбата со железничкиот транспорт во Македонија.

Предвидено е да бидат набавени пет гарнитури возови - три дизел и две електромоторни, како и 160 товарни вагони. Со тоа според очекувањата на МЖ АД Транспорт, драстично ќе се подобри состојбата во патничкиот и товарниот железнички превоз.

Набавката на новите возови ќе чини околу 45 милиони евра. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информира дека се водат разговори за обезбедување на потребните средства од ЕБРД или од други финансиски институции.

Според предвидената динамика, финасиската конструкција треба да се комплетира во 2012, а возовите да бидат набавени во 2013 година.

 

Категорија: