Министерот Бесими се сретна со Даниел Сервер

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими во Скопје оствари средба со Даниел Сервер, познат аналитичар, универзитетски професор и поранешен директор за Балканот во Институтот за мир во Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

На средбата, соопшти денеска Министерството за одбрана, Бесими и Сервер размениле мислења за состојбата во регионот и за процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Министерот Бесими, стои во соопштението, го информираше Сервер за придонесот на Армијата на Република Македонија во меѓународните мировни мисии.

Заеднички е констатирано, се подвлекува во соопштението, дека забрзувањето на процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија и на другите земји од регионот е единствена алтернатива за обезбедување долгорочен мир и стабилност во регионот, што, всушност ќе доведе до зголемена перспектива за сите граѓани.