Груевски: Осум нови училишни спортски сали до крајот на годината

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека до крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба уште  осум нови училишни спортски сали.

- Проектот за спортските сали е поделен во два дела. Во делот на Агенцијата за млади и спорт, каде тргна и порано целата операција веќе сме при крај. Од 35 речиси 30-тина сали се целосно завршени, а останатите пет сали се во фаза на работа. Од останатите 145 сали во Министерството за образование и наука, 21 се целосно  завршени и пуштени во употреба, на 21 се работи во моментот и осум од нив ќе бидат готови до Нова Година, рече Груевски и додаде дека нова група на околу 20-тина до 30 наскоро ќе биде започната.

Проектот, како што посочи премиерот, е во тек и голем број на сали се веќе завршени.

- Многу градови и многу училишта  добија спортски сали. Тоа е од корист и за професорите и за наставниците и за учениците, а и за сите што живеат во тоа мало или во таа општина. Честопати во некое мало, населба, па дури и во некои општини немаше спортски сали. Сега тие општини имаат спортски сали на радост на учениците, на наставниците, на рекреативците и на спортските клубови, нагласи Груевски и додаде дека ова е еден од позначајни проекти коj го ветиле, го спроведуваат и ќе дојде време да го завршат.