Позитивни оценки за напредокот на Македонија на Деветтиот состанок за ССА

Во зградата на Европскио совет во Брисел, денеска заврши Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија.

Со состанокот претседаваше Ерато Козаку-Маркулис, министер за надворешни работи на Кипар, земја актуелен претседавач со Унијата, а присуствуваа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) за Западен Балкан, Фернандо Џентилини. Делегацијата на Република Македонија беше предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски и од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Теута Арифи.

На заедничката прес-конференција по состанокот Ерато Козаку-Маркулис министерката од земјата-претседавач со Советот на Европската унија, посочи дека овие состаноци меѓу ЕУ и Македонија се силна потврда на цврстиот и близок однос на Унијата со Македонија.

Еврокомесарот Филе, пак, ја истакна важноста од Пристапнито дијалог на високо ниво (ХЛАД), посочувајќи го истиот како мост кон пристапните преговори.

- ХЛАД внесе свежа крв во процесот и се надевам дека ќе донесе уште попозитивни работи. Ние посочивме дека е важна слободата на изразување во медиумите, а чекор напред е договорот меѓу Владата и Здружението на новинарите. Ги поздравивме и реформите на изборнио процес, а ние како Европска комисија го повторивме предлогот за премин на Макеоднија во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Се на се, гледаме дека Македонија има направено многу, има добри резултати и треба да продолжи по овој пат и да ги исполнува преземените обврски. Ова е добро за позитивна клима кај земјите-членки на Унијата кои подоцна оваа година ќе одлучуваат за проширувањето на ЕУ, истакна еврокомесарот Филе.

Министерот Попоски посочи дека во отсуство на пристапни преговори, овој дијалог внесува посебна динамика во евроинтегративниот процес на Република Македонија, додавајќи дека тој сепак не е и не може да биде замена за пристапни преговори и дека нивното започнување останува примарна цел за земјата.

- Почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ ќе влијае и позитивно на разрешување на спорт за името, не обратно. Историјате на проширување на Унијата потврдува дека пристапните преговори се најдобра рамка за олеснување на решавање на билатерални прашања, како што тоа беше во случајот со Словенија и Хрватска. Ние остануваме посветени на решавање на ова прашање, но и за унапредување на соработката во сите области со нашито јужен сосед. Сведоци сме дека идната година Хрватска ќе стане член на ЕУ, Црна Гора започна преговори, а Србија е кандидат, па ние имаме надеж дека и Македонија ќе ги започне преговорите под кипарското претседателство, изјави Попоски.

Вицепремиерот Арифи ја истакна важноста од Советот за стабилизација и асоцијација и Пристапниот дијалог на високо ниво, потенцирајќи дека Европската комисија, посебно Директоратот за проширување, играат важна улога во остварувањето на силно партнерство меѓу Македонија и ЕУ.

Како што е посочено во соопштението по Деветиот состанок за ССА, Советот ја зема предвид примарната цел на земјата и силната посветеност за започнување на пристапните преговори, имајќи ја предвид и препораката на Европската комисија за тоа.

Советот го поздрави одвивањето на Пристапниот дијалот на високо ниво (ХЛАД) и новиот поттик на обезбедени реформи поврзани со ЕУ. Унијата потсети дека овој дијалог беше воведен во спротивност со стандардната пред-пристапна процедура и затоа уште повеќе ја цени заложбата демонстрирана од страна на Владата на Република Македонија да се справи со одредени интереси од петте приоритетни области на ХЛАД-од, а тоа се: медиуми, владеењето на правото и фундаменталните права, реформа на јавната администрација, изборни реформи и зајакнување на пазарната економија. Унијата истакнува дека напредокот е потребен во сите области идентификувани од страна на Пристапниот дијалог на високо ниво и ја охрабри македонската влада да продолжи со напорите да се исполнат амбициозните цели.

Во врска со исполнувањето на политичките критериуми, Советот за стабилизација и асоцијација забележа дека политичкиот дијалог продолжува низ целокупниот политички спектар и дека истиот треба да се одржува. Тоа ја нагласува важноста на парламентарната контрола над работата на Владата и на стручно-екипиран и функционален Парламентарен институт за обезбедување на посебна помош во процесот на пристапување.

Советот ја истакна и важноста на Охридскиот рамковен договор, кој останува суштински елемент за демократијата и владеењето на правото, а го поздрави и усвојувањето на извештајот за Охридскиот рамковен договор од страна на Владата. Советот го подвлече значењето од континуиран напредок во правичната застапеност, децентрализацијата, употребата на јазиците и интегрирано образование, како и во спроведувањето на мерки за натамошно зајакнување на меѓуетничко разбирање и доверба.

Во однос на ромската заедница, Советот истакна дека буџетот за ромската заедница се одржува и покрај тешката економска ситуација, и ја охрабрува имплементацијата на конкретни проекти за поддршка на подобрување на состојбата на ромската заедница во земјата, дека напорите преземени за да се подобрат нивните услови за живеење и справувањето со дискриминацијата треба да продолжат.

Советот ја разгледа и ситуацијата во однос на слободата на изразување во медиумите и се осврна на продолжување на дијалогот меѓу Владата и заинтересираните страни. ЕУ истакна дека нацрт-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе биде добар чекор напред откако ќе биде изгласан од страна на Собранието. Се посочува дека е важно што законот е завршен во согласност со европските стандарди и ЕУ ги храбри учесниците да продолжат со дијалогот, како и да се применува сличен пристап на останатите прашања од интерес со цел да се оди напред со реформите. ЕУ истакнува дека слободата на изразување е фундаментално право и дека медиумите имаат важна задача за обезбедување на граѓаните со точни, објективни и избалансирани информации кои се од јавен интерес.

Беше забележан исклучителниот напор за зајакнување на спроведувањето на законската рамка за промоција и јакнење на човековите права и зголемување на капацитетите на релевантните институции.

Во однос на судството, Советот бил информиран за тековните мерки за подобрување на ефикасноста на судството, со цел да се намали бројот на случаи и развој на релевантната судска статистика, како и за мерките за зајакнување на професионалноста, со намалување на преодниот период за спроведување на нови професионални барања за избор на судии во повисоките судови. ЕУ ја истакна важноста за вработување врз основа на заслуги од страна на Судскиот совет и континуирана поддршка за работата на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Во врска со борбата против корупцијата, Советот ги поздрави активностите насочени кон зајакнување на анти-корупциските мерки и верификување на спроведувањето на законот, вклучувајќи и подготовка на квартални извештаи за учинокот во борбата против корупцијата, нови методи за решавање на конфликтите на интереси и нацрт-законски измени со цел да се подобри управувањето со следењето на комуникациите. ЕУ нагласи дека овие мерки треба да се спроведат во целост и учинокот треба да се утврди.

Се дискутираше и за реформата на јавната администрација при што Советот особено ја поздрави одлуката да се подготви нов Закон за општата управна постапка, како и Закон за администрација кој треба да воспостави сеопфатна рамка за вработување во јавниот сектор. Исто така, Советот ја истакна важноста од висок квалитет на донесените мерки, како и нивна целосна имплементација.

Советот ја поздрави заложбата на Владата да се финализира работата на изборните реформи, во согласност со заложбите на ОБСЕ/ОДИХР и препораките на ГРЕКО, и во пресрет на локалните избори во март 2013 година, со вклучување на сите релевантни чинители.

ЕУ потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи претставуваат суштински дел од процесот на движење кон Унијата, поздравувајќи го континуираното активно учество и конструктивен приод во регионалната соработка, вклучувајќи ги иницијативите во Југоисточна Европа. Конкретно, ЕУ го поздрави претседавањето на земјата со Процесот за соработка на Југоисточна Европа меѓу јуни 2012 и јуни 2013 година. Унијата, исто така го поздрави придонесот на земјата за Мисијата АЛТЕА на ЕУФОР во Босна и Херцеговина и на борбената група на ЕУ 2/2012.

Советот го разгледа напредокот на Македонија во исполнувањето на економските критериуми и функционирањето на пазарната економија, при што ја поздрави соодветната макроекономска политика на земјата во контекст на глобалната финансиска криза.

Во однос на перспективата на Македонија за пристапување кон Унијата, се посочува дека најважни предизвици остануваат да се подобри ефективноста и ефикасноста на пазарот на трудот, зајакнување на административните капацитети и регулаторните и надзорните органи, како и да се подобри владеењето на правото и спроведување на договорите, при што ЕУ ги поздрави чекорите преземени за да се намали невработеноста.

Во врска со Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Советот беше информирани за тековните мерки за зајакнување на децентрализирани систем на имплементација, подобрување на процесот на програмирање и мониторинг на донаторската активност. ЕУ ја нагласи важноста на видливост, транспарентност и влијание на ИПА-проектите и повика на континуирани напори за подобрување на административните капацитети низ институциите.

Советот бил информиран и за прогресивното учество на Македонија во програмите на Унијата и нејзиното поведувањето на постапка за учество како набљудувач во Агенцијата за фундаментални права.

Беше поздравен фактот дека Македонија продолжува да ги исполнува своите обврски според Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) и беше дискутирано за напредокот постигнат во различни области опфатени со ССА, како што се енергетиката, земјоделството, внатрешниот пазар, трговија, царина и земјоделство. Притоа беше нагласена важноста од зајакнување на капацитетот на администрацијата за да се обезбеди имплементација и спроведување на законите.

Во однос на трговските прашања, Советот напомена дека безцаринските зони за слободна трговија е на место за стоки во согласност со член 15 од Советот за стабилизација и асоцијација и ја потврди потребата од прилагодување на ССА кон идното пристапување на Република Хрватска во Европската унија, како и нејзиното повлекување од ЦЕФТА.

Советот се повика на Европската комисијата од 2009 година за преминување на Македонија во Втора фаза од Советот за стабилизација и асоцијација и истакна дека предлогот е предмет на разгледување. Во врска со ова, Европската унија ја поздрави подготвеноста изразена од страна на Република Македонија да преземе дополнителни обврски за земјата предвидени со Втората фаза од Советот за стабилизација и асоцијација.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) ги регулира односите меѓу ЕУ и Република Македонија, до приемот на земјата во Унијата. Претходниот осми состанок за ССА се одржа во јануари, годинава.