„Џонсон контролс“ ја почна изградбата на новата фабрика во Штип

Во технолошко индустриската развојна зона во Штип почна изградбата на нова фабрика на американскиот автомобилски гигант „Џонсон Контролс“, а во која е предвидено производство на навлаки за автомобилски седишта. Камен темелникот го поставија премиерот Никола Груевски, Владимир Теплик  од „Џонсон Контролс“,  амбасадорот на САД во земјава Пол Волерс и вицепремиерот Владимир Пешевски.
Премиерот Никола Груевски истакна дека инвестицијата на автомобилскиот гигант „Џонсон Контролс“ е во вредност од околу 20 милиони долари, а во која ќе се вработат 1.400 работници.
- За првпат во поновата историја на Република Македонија присуствуваме на камен темелник на втората по ред голема гринфилд инвестиција  на еден ист меѓународен странски инвеститор во нашата земја. Задоволството е уште поголемо, доколку се согледа во услов на светски економски бранувања, во услови на тектонски пореметувања во економијата на нашиот јужен сосед Македонија е домаќин на една голема серија на странски инвестици. Во последните два месеца започнаа дури шест големи проекти, кои долгорочно треба да донесат некоку илјади нови вработувања во нашата земја. Почна реализацијаа на инвестицијата на италијанската Технохозе, се гради фабриката на американскиот Кемет електроникс, германската Кромберт и Шуберт доби дозвола за градба во зоната на Битола, рускиот Протек груп ја најави својата инвестиција во Бунарџик, индиската компанија Мадерсон  започна со изградба на фабрика во Бунарџик се официјализира новата македонска холандска инвестиција на Стилкон во Кумановско, во Струмица се отвори откупно дистрибутивнот центар на хрватски Агрокор, а веќе денес поставуваме камен темелник на втората фабрика на американскиот гигант Џонсон Контролс, истакна премиерот Груевски.
Премиерот додаде дека кога некоја компанија по вторпат одлучува да инвестира во нашата земја тоа значи дека е задоволна од првата инвестиција, но е и задоволна од условите, од комуникацијата со властите и од сите останати параметри кои се потребни за добар бизнис.
На денешното поставување на камен темелникот на новата фабрика на „Џонсон Контролс“ во ТИРЗ во Штип, Владимир Теплик истакна дека новата фабрика ќе се изгради до септември 2012 година, а веќе за две недели во кругот на поранешна Македонка со работа почнуваат и првите вработени во новата фабрика.
Теплик додаде дека во тек се интервјуата со оние лица кои што конкурирале за вработување во новата фабрика на Џонсон Контролс.
 

Категорија: