Во изминатото деноноќие произведени се 17.208 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 17.03.2023 година (петок) произведe 17.208 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 10.418 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.790 MWh.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 17.03.2023 година.