Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме, само заедно можеме напред од оваа криза

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско - Хрватскиот деловен клуб, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо западна Македонија, Сојузот на стопански комори како и голем број на компании од двете земји..

Во своето обраќање на отворањето на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи се осврна на можностите кои се отвораат пред нас.

„Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и сигурен партнер за целата Европска унија. Процесите на Near или Friend Shoring се неизбежни и ние како регион мора да ја искористиме шансата“, истакна Битиќи.

Истакнувајќи дека Хрватска како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ кон кој се стреми и нашата држава како и додека се подготвуваме за влез во ЕУ, многу стандарди веќе се усогласени со оние на Европска унија. Дополнувајќи дека искуствата кои Хрватска ги има ќе ги земеме како лекции за побрзо интегрирање на нашата земја.

„Одлично е што денес овде имаме претставници од Коморите, кои верувам дека можат да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија, бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека таа би била плодна, бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите можат да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците“, заклучи Битиќи.

На Бизнис форумот претставници на Кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа и презентација за можностите и условите за инвестирање во нашата земја.