Попоски: Силна поддршка за зачленување на Македонија во НАТО

Силна поддршка за зачленување на Република Македонија во НАТО алијансата и увреување дека се исполнети сите услови за тоа, е заедничката констатација на учесниците на амбасадорскиот состанок, информира министерот за надворешни работи Никола Попоски по завршување на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атланскиот совет во Брисел.

Поповски истакна дека ги пренел ставовите на Влада оти членстото во НАТО и ЕУ интеграциите останува стратешка цел на Република Македонија и покрај долгогодишниот проблем.

- Името останува извор на фрустрација бидејќи го попречува актот на зачленување во НАТО. Сите наши партнери се надеваат дека овој проблем ќе биде тргнат од маса и дека ние конечно ќе бидеме рамноправен член на НАТО Алијансата, изјави Попоски по завршувањето на средбата во Брисел на која присуствуваа амбасадорите на сите 28 членки на НАТО.

На средбата, според Попоски, станало збор и за пописот. Тој ги уверил своите колеги дека пописот ќе се одржи тогаш кога ќе постои клима која ќе овозможи резултати што ќе бидат компатибилни со методологијата на Еуростат.

Toj посочи дека учесниците изразиле поддршка и благодарност за учеството на Армијата на Република Македонија во мировните мисии, но оти името и натаму останува пречка за полноправно членство во Алијансата.

Во областа на одбраната ресорниот министер Фатмир Бесими  информираше дека се разговарало за реформите и модернизацијата на армијата.

Пред започнување на средбата на НАК министрите за надворешни работи и за одбрана остварија средба со заменик-генералниот секретар на НАТО Клаудио Бисонјеро.

Категорија: