Пуштени во употреба вештачката карпа за качување и двојно тениско игралиште во Карпош

Премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски денеска ја пуштија во употреба вештачката карпа за качување и двојно тениско игралиште во општина Карпош.

Вештачката карпа за качување се состои од главен дел висок 22 метри со делови за брзинско и тежинско натпреварување и помошна вештачка карпа - болдер висока околу пет метри. Вештачката карпа е опремена со трибински простор и соблекувални за спортистите.

Двојното тениско игралиште кое е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 тениски игралишта е со сертификат од Интернационалната тениска федерација, со инфраструктурни приклучоци и рефлектори за одигрување натпревари во ноќнитечасови.

- Со изградбата на карпата и тениските игралишта додаваме уште едно парче на овој прекрастен спортско-рекретативен мозаик на кејот на реката Вардар кој заедно со веќе посточеките спортско-рекреативни содржини на граѓаните на Карпош, но и на целиот Град Скопје ќе им обезбедат одлично место за спорт, дружење и рекреација, рече премиерот Груевски.

Спортското качување како спортска дисциплина е распространето низцелиот свет, а од денеска, додаде Груевски, и македонските љубители на овој спорт ќе имаат место за вежбање и рекреација.

- Вештачката карпа со сите свои пропратни елементи ќе биде вистинско место за организација на курсеви и натпревари по спортско качување, многу млади таленти и развој на овој спорт, нагласи Груевски.

Двојното тениско игралиште, рече тој, ќе биде одлична можност за младите од Карпош кои ќе најдат интерес и ќе го засакаат тенисот да имаат свој простор за вежби, тренинзи и напредок.

- Само со изградба на што е можно повеќе спортски објекти за различни видови спортови ќе придонесеме за подигање на спортскиот дух и напредок на македонскиот спорт со цел македонските спортисти постојано да нижат спортски успеси како во кошарката така и во сите други спортови во Македонија. Успеси со кои сите заедно ќе се гордееме и славиме, успеси кои се најголем промотор на нашата земја, изјави Груевски.

Тој потсети дека за развој на спортот почнаа да се градат и во најголем дел веќе се изградени 35 големи спортски сали и 50 фудбалски игралишта, а се градат 145 училишни спортски сали и 100 тениски игралишта, а се изгради и најголемиот стадион во Македонија - Националната арена „Филип Втори Македонски“.

Директорот Поповски нагласи дека во Македонија 16 години функционира Лигата за спортско качување, но оти условите во кои се натпреваруваа спортистите биле на минимално ниво.

- Со овој спортски објект ги исполнивме сите услови за спортско качување, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Категорија: