Предностите за инвестирањена Македонија од денеска ќе се презентираат пред турските бизнисмени

Истанбул, Кајсери, Коња, Газиантеп, Измир и Бурса се на агендата на владиниот тим кадеод денеска до петок ќе ја претстави пред турската бизнис заедница Македонија како атрактивна дестинација за инвестирање.

Род шоуто во Турција почнува во Истанбул, каде владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски ќе има работна вечера со инвеститорите пред кои ќе се презентираат предностите на Македонија за инвестирање. Најавено е присуство на 60 претседатели на компании, со кои ќе има и поединечни разговори. Потоа следат презентации во другите градови каде се очекуваат претставници од 50 до 150 компании. Според премиерот ова е најдолго претставување пред странски инвеститори, а тоа што ќе се посетат шест градови како во ниедна друга земја покажува дека Владата смета оти има голем потенцијал, но и дека има голем интерес за инвестиции од Турција во Македонија.

Турција во изминатиот период е еден од најзначајните партнери на Македонија и во делот на поддршката што на политички план ја дава во процесот на интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, како и во сите можни меѓународни институции. И на економски план соработката е на задоволително ниво, има тренд на зголемување на соработката и подобрување на трговските односи, како и вкупниот обем на инвестиции. Ова се базира на фактот што има голем интерес за инвестиции од страна на Турција во Македонија, но и за трговската соработка во делот на увоз и извоз на стоки.

Турските инвестиции и досега се покажа како успешни и како значајни за Македонија. Од 1997 година до 2010 година вкупниот кумулативен прилив на странските директни инвестиции се47,96 милиони евра што претставаат 1,43 проценти од вкупниот прилив наСДИ и се на 14-то место. Во првите 9 месеци од минатата година приливот на капиталод Турција изнесува 51,08 милиони евра што покажува тренд на раст на инвестициите од оваа земја.Турски капитал во битолската „Пивара“, „Алемакс“ во Струмица, „Силика“ од Гостивар, „Рамстор“, „Зорлу Холдинг“, „Зираат банка“, „Халк банка“, ТАВ во аеродромите... Се очекува изградба на производствен капацитет за алуминиумски профили за автомобилска индустрија и градежништво во износ од 20 милиони евра во ТИРЗ „Скопје“ од страна на „Бордтехник-отомотив“. Турција е дефинирана како една од целните земји од која е може да се очекуваат инвестиции како во производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнис-услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

Очекувањата се дека во наредниот периодбарем двојно ќе бидат повисоки инвестициите од досегашните.

За време на престојот во Турција ќе биде потпишан протокол за соработка меѓу Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони на Македонија и Дирекцијата на организираните индустриски зони на Турција.

Премиерот во Турција ќе се сретне и со неговиот колега Реџеп Таип Ердоган, а ќе има средба и со македонските иселеници во Бурса.

Турција е голем стратешки пријател на Македонија и поддржувач на Македонија во нашите напори да станеме членкана НАТО и на ЕУ. Принципиелниот став на Турција за поддршка на Македонија за членство воНАТО ќе биде искажан ина Самитот во Чикагоодносно дека Турција силно ќе застане зад интересите на Република Македонија.

На ова роуд шоу премиерот е придружуван од вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, министрите за економија, транспорт и врски, земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина, Ваљон Сарачини, Миле Јанакиески, Љупчо Димовски и Абдилаќим Адемик, министрите за странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, министерот без ресор Хади Незир, како и директорите на Диркцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и поттикнување на извозот.

Претходно владата можностите за инвестирање на Македонија ги претстави пред стопанствениците во Англија, Австрија, Германија, Јапонија, Сингапур, Франција и Белгија. Годинава треба да следат и други дестинации.