Владата ќе ги награди ракометарите со по 6.000 евра на секој во тимот

Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт ќе ги награди ракометарите за освоеното 5-то место на Европското првенство во ракомет во Србија со по 6.000 евра на секој во тимот.

Дополнително на ова, согласно донесените претходни акти, во следните две години ракометарите ќе добиваат месечно по 27.000 денари.

За потсетување, кошаркарите за освоеното 4-то место на ЕП беа наградени со по 8.000 евра еднократно и дополнително, согласно актите на Агенцијата за млади и спорт, во следните четири години ќе добиваат месечно по 42.000 денари.