Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 90-та седница

На денешната седница Владата на Република Македонија ќе ја разгледа информацијата за програмата и приоритетите на Австриското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија.

На предлог на министерството за образование и наука, пред министрите ќе се најдат три предлог уредби и тоа: предлог - уредба за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2019 година, предлог - уредба за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2019 година и предлог - уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование по општини и градот Скопје за 2019 година.

Владата денеска ќе дебатира за информација за планирање на опремувањето и модернизацијата на армијата на Република Македонија во предлог буџетот на Министерството за одбрана за период 2019-2021.

Како материјал за информирање, на седницата ќе биде разгледан и извештајот за работа на Инспекцискиот совет и информација за работа на инспекциските служби за вториот квартал од 2018-та година.

90-тата седница на Владата на Република Македонија ќе започне во 12:00 часот.