Учениците утре се враќаат на настава

По тринеделен зимски одмор, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2011/2012 година.

Ќе имаат обврска во една од саботите на април да го одработат петокот (20 јануари), кој им беше додаден во распустот поради поларниот бран во некои општини. 

Новина во второто полугодие е советувањето родители чии деца имаат 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, три единици во период од три месеци или манифестираат насилно и несоодетно однесување. Родителите или старателите на ученици со вакви проблеми ќе имаат законска обврска да дојдат на поканата за средба со психолог,  што ќе им ја испраќа училиштето, или ќе бидат парично казнети.

На крајот на учебната 2011/2012 ќе има само полагање државна матура, зашто МОН и оваа година го одложи екстерното тестирање - проект со кој треба да се оценува објективноста на наставниците преку проверка на знаењето на сите ученици во основно и во средно.

Одлагањето е поради електронскиот систем за спроведување на тестирањето кој е се уште во подготовка. Неговата функционалност ќе се провери на пробно екстерно терстирање.