Граѓаните на цела Македонија излегоа и прославија - Одиме напред, Македонија во НАТО и ЕУ!

Во 15 градови, со 40 музичари, со автентичен домашен звук, граѓаните ширум Македонија го прославија историскиот успех на земјава, добивањето покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

Граѓаните од целата земја излегоа слободно и прославија, на 15 настани кои обединуваат и со тоа ја поддржаа Македонија која се обединува и која оди во НАТО и ЕУ.

Вредноста на историскиот момент е препознаена ширум држава, од Гевгелија до Гостивар, од Куманово до Струга.

Владата на Република Македонија изразува благодарност до општините за поддршката и помошта прославите да поминат во најдобар ред, а до музичарите благодарност за професионалниот однос и ангажман. Во текот на утрешниот ден Владата ќе објави целосен извештај за организацијата на настаните. 

Македонија ја продолжува успешната приказна. Тоа е приказна за слободата, успехот, безбедноста и економскиот раст. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот, застануваме цврсто во одбрана на правото на сопствен став, осудуваме ширење омраза заради изразен став. 

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука во нашата земја.