Премиерот упати честитки по повод Денот на балканските Еѓипќани: Со вашата заедница дополнително се збогатува ризницата на мултикултурниот потенцијал, како столб во нашите стремежи за едно општество за сите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во негово и во име на Владата на Република Македонија, по повод Денот на Еѓипќаните, упати честитки до припадниците на заедницата на балканските Еѓипќани во Република Македонија.

„Имајќи ве вас, како истакната и активна заедница во издигнувањето на нашето заедничко, македонско општество кое го градиме и кое претставува дом за сите култури и заедници што живееме во него, дополнително се збогатува ризницата на мултикултурниот потенцијал, кој е столб во нашите стремежи за едно општество за сите“, се вели во честитката до Здружението на балканските Еѓипчани во Република Македонија.

Во честитката уште се вели дека одбележувањето на Денот на балканските Египќани е убава можност да се афирмира историјата и културата на заедницата на балканските Египќани, но и да се проговори за актуелните предизвици со кои се соочуваме во нашата визија за подобра иднина за сите, без разлика на припадност и определба, во наша заедничка Република Македонија.