Продолжува трендот на раст на платите, април 2018 со просечна нето плата од 23.942 денари, повисока за 5.6% во споредба со април 2017

Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика го потврдија трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата на Република Македонија. 

Во април 2018 година просечната нето плата изнесува 23.942 денари што значи дека има зголемување од 5.6% во однос на истиот месец претходната година кога просечната исплатена нето плата по вработен била пониска за 1270 денари и изнесувала 22 672 денари. 

Растот на исплатената просечна нето плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, рударство и вадење на камен (32.2 %), преработувачка индустрија (13.0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %), како и на стимулативните мерки на Владата за поддршка на компаниите да обезбедат раст на платите за своите вработени. 

Очекуваме трендот на раст на платите уште посилно и поизразено да продолжи со решавањето на македонско – грчкиот спор за името, со приближувањето кон членство на Република Македонија во НАТО и со интеграцијата на земјата во Европската Унија.