Премиерот Заев: Тотал Инженеринг нема работено на ископ во РЕК Битола

Одговори на новинарски прашања на премиерот Зоран Заев:

Медиуми: Премиере, дали може ваша изјава во врска со обвинувањата на Мицковски во врска со тоа дека фирмата на вашиот брат работи на ископ во РЕК Битола?

 

 

Премиерот Заев: Вчера дадоа одговор од мојата политичка партија, реагираше и Тотал инженеринг, фирма во сопственост на мојот брат, реагираше и РЕК Битола. Прво, фирмата којашто беше спомната, јас не го запомнав името нема ангажман во РЕК Битола за ископ на јаглен. Не постои ангажман! Само по себе е лага.

Втората работа, заради чесен пристап навистина јас сум член на семејството Заеви и пред два месеци донесовме одлука да се продадат овие машини заради тоа што ако немаат право да се јават на тендер тие фирми веројатно немаат право да работат ни како подизведувачи во делот на тоа што јавна дејност или јавни тендери или слично и фирмата ги отуѓи овие машини. Јас знам дека тоа е направени пред долго време, гледам дека на 19.04 дури и формално правно се отуѓени  и булдожерите и она што се камионите, механизацијата комплетно.

Само по себе, за мене ова е како да кажам обид за опозцијата предводена од Христијан Мицковски преку лаги да инсинуира конструкции коишто апсолутно не се точни и верувам дека секој политчар е свесен за тоа што го прави дека постои и одговорност, не е само правото да излезете и нешто искоментирате. Штетите коишто ги нанесуваат со ваквите прес конференции веројатно се големи и заради тоа постојат судски инстанци кадешто ќе треба да си ги платат штетите коишто го носат. Јас сум чесен и транспарентен политичар и како што знам да кажам да фирмата на Заеви знае да работи таму и тоа го работи и така и овде чесно и транспарентно кажувам – НЕ механизацијата на фирмата на мојот брат не работи во РЕК Битола и нема да работи, ниту пак работела во некои јавни инситуции со ангажман на ваквата механизација.