Јавен оглас за номинација на член во Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија

Институција која огласува: 
Влада на Република Македонија
Рок на пријавување: 
30.04.2018

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Влада на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 139/14, 196/15 и 142/16), а во согласност со Одлуката за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија бр. 44-3759/1 од 17.4.2018, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 69/2018, на ден 19.4.2018 година, Владата на Република Македонија го објавува следниот

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 2/2018

за номинација на член во Национално координативно тело за имплементација  на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија

 

Владата на Република Македонија, заради спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија и потребата од формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, објавува оглас за следнава позиција:

 

1. Член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија -  1 член

 

Лицата кои сакаат да аплицираат за оваа позиција, треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да бидат дел од тимот на организација која ги застапува интересите на лицата со попреченост;
  • Организацијата да е регистрирана во регистарот на граѓански здруженија од областа на социјалната заштита  при  Министерството за труд и социјална политика;
  • Организацијата да има минимум пет (5) години искуство во спроведување проекти за подобрување на условите за живот на лицата со попреченост и нивна целосна инклузија во општеството;
  • Организацијата да претставува поголема група на лица со попреченост;
  • Организацијата да има реализирано проекти на национално и локално ниво;
  • Организацијата да има искуство за застапување и лобирање за унапредување на правата на лицата со попреченост, согласно Конвенцијата на ООН;
  • Искуство во работни тела на темата, ќе се смета за предност;
  • Членување на организацијата во мрежи и меѓународни организации, ќе се смета за предност.

 

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

  • Кратка биографија – СV со задолжително наведен телефон за контакт и адреса;
  • Писмо за мотивација за учество на здружението во Координативното тело;
  • Доказ за упис во регистрите при Централниот регистар на Република Македонија;
  • Доказ дека здружението е регистрирано во Регистарот на граѓански здруженија од областа на социјалната заштита  при  Министерството за труд и социјална политика;
  • Статут на организацијата;
  • Извештаи од реализирани поголеми национални и локални проекти, со акцент на застапување и лобирање за унапредување на правата на лицата со попреченост;
  • Извештаи/докази за членување во мрежи и меѓународни организации.

 

Потребната документација да се достави до архивата на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса:

 

Канцеларија на претседателот на Владата на Република Македонија

бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје

(со назнака „за членство во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија“)

 

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно заклучно со 30.4.2018 година до 16:30 часот.

Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: