Објавени се националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

На 57-мата седница на Владата на Република Македонија одржана на 06.03.2018 година, беше усвоена Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и Националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно со Акциските планови.

Стратешките документи се достапни на подолу наведените линкови:

 

  • Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризам на македонски јазик - ПРЕЗЕМИ
  • Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризам на албански јазик - ПРЕЗЕМИ
  • Национална стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам на македонски јазик - ПРЕЗЕМИ
  • Национална стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам на албански јазик - ПРЕЗЕМИ

 

Националните стратешки документи беа изработени од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам кој е раководен од Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, заменик Национален координатор за спречување на насилен екстремизам, заменик Национален координатор за борба против тероризам, а во комитетот партиципираат 22 членови и 22 заменици членови кои се постојано вработени во 21 Министерство и институции на Република Македонија.

За време на изготвувањето на Националните стратешки документи беа вклучени сите членови на Националниот комитет, експерти посветени на спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, како и претставници од граѓанското општество кои учествуваа на јавни консултации организирани во Скопје и Тетово.

Потребата за изготвување на нови Национални стратешки документи е заради потребата да се пренесат активностите во спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата на полето на превенцијата и да се примени сеопфатен општествен и институционален пристап при справувањето со овие безбедносни феномени.