Повик за искажување интерес за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалузација на политиката за рамномерен регионален развој (Си-ре-ра)

Институција која огласува: 
Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија
Рок на пријавување: 
18.04.2018

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ИНТЕРЕС 

за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (Си-ре-ра)

 

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.

Проектот Си-ре-ра е во потрага по експерти кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. КЗПВРМЕП го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Кандидатите се очекува да бидат со соодветни познавања и да ги задоволуваат посочените критериуми соодветно за секоја позиција. Целосниот повик со опис на работни задачи по позиции е достапен во електронска форма на официјалната страница на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, односно http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk/.

ПЕСП ќе ја сочинуваат 8 локални краткорочни и долгорочни експерти, и тоа:

  1. Проектен (систем) менаџер (Project (System) Manager)
  2. Проектен асистент (раководител на канцеларија) и специјалист за комуникација (Project Assistant / Communication Specialist)
  3. Специјалист за финансии (Financial Specialist)
  4. Експерт за регионална политика (Regional Policy Expert)
  5. Експерт за менаџмент на организации и програми (Organization and Programme Managament Expert)
  6. Технички менаџер / системски инженер (Technical Manager / System Engineer)
  7. Експерт за соработка и споделување на податоци (File Sharing & Collaboration Expert)
  8. Експерт за  менаџмент со безбедност на информации (Information Security Management Expert)

Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство посочени во повикот достапен на наведениот линк, Ве молиме да доставите ваша професионална биографија и писмо за интерес, со јасна назнака за која позиција аплицирате на следната електронска пошта: Sirera@gs.gov.mk. Повикот ќе биде отворен 10 работни дена, почнувајќи од 3 април 2018 година. Последен рок за доставување апликации е 18 април 2018 година,  по локално време.

За повеќе детали за проектот и за задачите и обврските на секој член на ПЕСП, како и специфичните критериуми за селекција за секоја позиција, Ве молиме прочитајте го материјалот достапен на веб-страницата http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk/