Потврдено пријателството помеѓу Република Македонија и Република Малта

 

За време на посетата на министерот Едмонд Адеми на Република Малта, покрај другите средби на високо ниво, денес на 13 февруари 2018 година, оствари средба и со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата на Република Малта, Кармело Абела.

Министерот Адеми ја пренесе благодарноста до својот соговорник за воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата.  Во разговорот министерот Адеми, спомна дека од страна Р. Македонија се иницирани предлози за склучување на билатерални договори за сорботка меѓу двете министерства за надворешни работи, како и договори од економска соработка. На тој план министерот Адеми замоли да се определи временска рамка, во насока на динамизирање и потпишување на истите.

Од страна на двајцата министри се потенцира, дека реализација на повеќе прашање од взаемен интерес, по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, ќе се забрза процесот на политички консултации меѓу двете страни на сите нивоа, меѓуресорска соработка со експертски тимови, по области од заеднички интерес, пред сè од областите на економската соработка и трговијата, образованието, културата, прашањата од работните односи, социјалното осигурување, престојот на македонската дијаспора во Малта, личните документи и други прашања од взаемен интерес.

За време на разговорот се дискутираше и за активностите на Владата на Р. Македонија, за процесот на членството на нашата земја во ЕУ. За овие прашања, министерот Абела ја потврди силната поддршка на Малта во овој процес, за што беше договорено и динамизирање на средби меѓу двете земји на највисоко ниво.

Меѓу другото стана збор и за најавената посета на министерот Абела на Р. Македонија оваа година како и на претседателката на Малта, Мари-Лиуз Калеро Прека.

За време на разговорите стана збор и за активности на нашата земја на регионален план и градењето на добрососедските односи.

 

 

Категорија: