Tрилатералната средба на Министрите за дијаспора во Охрид

Министрите за дијаспората на Македонија, Албанија и Косово, г. Едмонд Адеми, г. Пандели Мајко и г. Дардан Гаши одржаа трилатерална средба во Охрид. Заедно оценија дека соработката во полето на дијаспората е корисна и важна за продлабочување на соработката меѓу трите земји во регионот.

Состанокот во Охрид се смета како важен почеток за промовирање на заеднички активности во зајакнувањето на врските меѓу земјите во рамките на процесот на евроатланска интеграција. Министрите ја поздравија последната одлука на Парламентот на Република Македонија за изгласување на Законот за јазиците како придонес за заедничка регионална соработка.

Министрите се согласија да реализираат заеднички посети во САД, Германија и други земји за да се одржат средби со асоцијациите на дијаспората по потекло од трите земји. Се согласија дека нивното заедничко дејствување треба да продолжи и да биде инклузивен со меѓусебни договори и за другите заинтересирани држави од регионот.

Категорија: