Средба на работната група на владата и на Асоцијацијата на легални такси превозници - Скопје: Се очекува брзо решение за укажувањата на такси превозниците

Работната група формирана од Владата на Република Македонија од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, денеска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на легални такси превозници - Скопје, на која присуствуваше и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

На средбата беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат легалните такси превозници, како и за начините за надминување на покренатите прашања.

Двете страни се согласија дека од оваа прва средба произлегоа предлози за решенија кои укажуваат на можностите за брзо надминување на сите проблеми во работењето на легалните такси превозници.

Категорија: