Јанкуловска се сретна со делегација на КФОР предводена од командантот, генерал мајор Ерхард Друс

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска имаше средба со висока делегација на КФОР предводена од командантот, генерал мајор Ерхард Друс.

На средбата присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Соговорниците дискутираа за безбедносната ситуација во Косово и на меѓудржавната граница, како и за меѓусебната соработка во областа на безбедноста воопшто.

Министерката Јанкуловска ја истакна стартешката определба на Македонија и МВР за продлабочување на традиоционално добрата соработка со КФОР во која Македонија учествува како рамноправен партнер на НАТО. Генерал мајорот Друс, пак, искажа благодарност до македонското МВР за подршката на мисијата и за придонесот на Македонија кон регионалната стабилност во градењето на безбедноста и сигурноста во борбата против криминални групи и граничната безбедност.

На состанокот се разменија предлози за континуирана соработка во натамошниот период.