Премиерот Заев се сретна со Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели: Република Македонија и Република Косово стремат кон заедничка иднина во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како дел од агендата на официјалната посета на македонската владина делегација на Република Косово, денеска оствари средба и со Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели.

На средбата, премиерот Заев, придружуван од владината делегација во состав Крешник Бектеши, министер за економија, Горан Сугарески, министер за транспорт, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, и Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, истакна дека е особено значајно што и овој состанок го потврдува отвореното и искрено пријателство меѓу двете земји.

„Со оваа посета испраќаме силни и искрени пораки во двете земји, дека градиме општества на еднакви граѓани. Настојуваме и создаваме услови да ги постигнеме европските стандарди“, рече премиерот Заев на средбата со Претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели.

Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели нагласи дека двете земји делат заедничко минато, но пред нив е и заедничка иднина како соседи, како земји на регионот, и како претенденти за членство во ЕУ и НАТО.

На средбата беше констатирано дека заеднички интерес на сите земји во регионот е нивната стабилност и безбедност, како и економскиот напредок, како основа за остварување на стратешките интереси на сите земји на Западен Балкан – евро-атлантските интеграции.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели изразија подготвеност да ги поттикнат идните средби на високи претставници на двете земји како пракса која ќе ги зацврстува и унапредува односите во многу области.

Категорија: 
Галерија со слики: 
<p>https://flic.kr/s/aHskpNoMVz</p>