Премиерот Заев со романскиот амбасадор Станила: Сочувство до народот на Романија по повод смртта на поранешниот романски крал Михаил Први

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, го прими во посета амбасадорот на Република Романија во Скопје, неговата екселенција Виорел Станила.

Амбасадорот Станила, во име на Владата на Република Романија, на премиерот Заев му ја пренесе информацијата за настаните поврзани со погребот на починатиот поранешен крал на Романија Михаил Први, како и поканата да присуствува на погребната церемонија што ќе се одржи на 16 декември во Букурешт и во Курта Де Арџеш, каде што е семејната гробница на романската кралска лоза.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во негово име и во име на Владата на РМ, изрази сочувство до романскиот народ за смртта на поранешниот романски крал Михаил Први, и истакна дека владата веднаш ќе ги отпочне активностите владина делегација да присуствува на овој настан.

Романскиот амбасадор Станила изрази надеж дека наскоро ќе има нова средба со премиерот Заев, за да разговараат за поддршката за Република Македонија во евроинтеграциските процеси за време на романското претседавање со Советот на ЕУ во 2019 година.

 

Категорија: